VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Рикер:  да се смират страстите, прашањето за името да им се остави на преговарачите

15/06/2009

Амбасадорот Филип Рикер, кој беше меѓу гостите на Првата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон, гледа двојна конструктивна улога на македонската дијаспора – да лобира за Македонија, но и да нуди совети и искуства на македонските власти и граѓани: 

„Одлично е да се види како ОМД соработува со други организации на дијаспората кои ги има многу во САД и во други земји, да се види како сите може да се соберат и да разменат мислења, идеи и искуства и да направат да се знаат нивните гледишта во Конгресот и на други места во САД, но и да понудат еден вид на мудрост и искуство на Македонија, така што секој да може да помогне на земјата за која сите имаме силни чувства", вели Рикер.      

За тоа како да се надмине пречката - проблем со името, Рикер го истакнува ставот на американскиот претседател Барак Обама, искажан на самитот на НАТО во Стразбур, дека САД со нетрпение очекуваат Македонија да стане полноправна членка на НАТО.  Од осамостојувањето – досега, американската помош за Македонија да се подготви за европската интеграција изнесува речиси една милијарда долари, подвлекува американскиот амбсадор. 

На наводите за загриженост меѓу народот дека за името можеби веќе е решено, во контекст на неодамнешната изјава на потпретседателот на ЕК кој земјата ја нарече - Северна Македонија, Рикер препорачува да се смират емоциите и да им се дозволи на преговарачите да си ја вршат работата.

„Мислам дека е најдобро да се остави процесот да продолжи напред, да се има предвид најдобриот интерес на земјата, на регионот.  Тоа посекако е она што го правиме тука, во САД", вели Рикер.    

За идејата за референдум, првиот човек на САД во Македонија коментира дека тоа е работа за која по природа на нештата одлучуваат македонските власти и граѓани, но истовремено укажа и на големиот процент на одобрување на членството во НАТО и ЕУ во испитувањата на јавното мислење во Македонија.

„Мислам дека тоа се едни од највисоките позитивни рејтинзи за обете институции меѓу земјите-кандидати и оние што веќе се членки.  Значи, лидерството има одговорност да ја земе таа иницијатива, да ги земе желбите на луѓето и да работи напорно за да ги трансформира во нова реалност.  Сметаме дека тоа би била најдобрата иднина за Македонија", коментира Рикер. 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Вашингтон пред нов удар од снежно невреме

  Повеќе
Иран засилено процесира ураним
Тојота најави ново масовно повлекување на популарниот Приус
Тимошенко ќе ги оспори резултатите од изборите
НАТО во обид да избегне цивилни жртви спроти офанзивата во Авганистан
ОН: итна потреба од адекватна метеоролошка служба во Хаити
Почина Џон Мурта, конгресмен и голем критичар на војната во Ирак
Ванкувер без снег на два дена пред Олипијадата
Вашингтон не може да земе здив од снегот
Петмина загинати во експлозија во електрана во САД
Лансиран Ендевор
Преку 500 неексплодирани средства извадени од Охридското Езеро
Њу Орлеанс сентс победија на „супербол“
Февруари месец на црнечката историја во САД
Епидемија на детска дебелинa во САД и светот
Македонска делегација на Молитвениот појадок во Вашингтон
Опадна стапката на невработеност во САД
Романија прифати американски ракетни пресретнувачи
Најмалку 12 загинати во експлозија што го потресе Карачи
Првиот човек на Тојота се извини за фабричката грешка
Остин зелена оаза во нафтениот Тексас
Обама на Молитвениот појадок повика да се врати цивилниот тон во американската политика
Иранските сојузници Кина и Русија се разидуваат околу нови санкции
Кина ја отфрли изјавата на САД за поцврст став кон билатералните трговски прашања
Тојота очекува профит и покрај проблемот со фабричка грешка
Тетката на Обама на имиграционен распит во САД
Аватар го „потона“ Титаник
Пакистан уапси 35-рица за нападот врз американски војници
Анвар ал-Авлаки: обвинетиот за терористички напад во американски авион беше мој ученик
Напад во Пакистан – осуммина загинати
Блер:  САД под „постојана терористичка закана“ од Ал-Каида
Интервју со Сигурјон Еинарсон, режисер на „Име си е име“
САД демантираат дека разговарале за размена на затвореници со Иран
Со цуцла - на компјутер!
Нова загриженост за радијацијата при компјутерска томографија
Бајден: иранските лидери “самите сеат семе за сопствено уништување“
Ахмaдинеџад: САД создаваат поделби со распоредување на проектили во Заливот
Промоција на филмот „Име си е име“ во Вашингтон
Виена и Атина најавија иницијатива за интеграција на Западниот Балкан
Обама промовира економски иницијативи на средби со граѓани
Пентагон ја менува политиката за служењето на хомосексуалци во армијата
Објавени номинациите за Оскарите
Обама предложи буџет од 3,8 трилиони долари