VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Македонци од соседните земји наградени на Конференцијата на ОМД


15/06/2009

Претставници од македонските заедници во Романија, Бугарија, Хрватска Грција, говореа за, како што наведувааат, премрежјата за зачувување на вековното име. 

Солзите беа посилни од зборовите за копретседателот на ОМО Илинден – Пирин Стојан Георгиев кога ОМД му ја врачи наградата за животно дело.  Георгиев вели дека минал два пати по четири години затвор во Бугарија затоа што се декларирал како Македонец.  За Гласот на Америка на македонски раскажува - тешко е да се биде Македонец во Бугарија:

[insert caption here]

„Јавно да кажеш дека си Македонец е тешко. Ќе те избркаат од работа, заплашуваат дека на возрасни луѓе како мене ќе им ги одземат пензиите.  Бугарија е недемократска држава. Според мене, најголем непријател на Македонија е Бугарија, а не Грција. Зошто?  Затоа што Грција го негира минатото, а Бугарија сегашноста на Македонија. Тоа е многу жално.  Ние, Македонците од пиринскиот дел на Македонија цврсто стоиме на нашите барања за почитување на човековите права“.

Бугарските власти, пак, тврдат дека нема доволен број на Македонци за да се формира нивна партија во земјата. 

Парисис Насе, член на Виножито од Грција вели дека декларирањето за Македонец во земјата носи репрекусии:

[insert caption here]
[
„Тоа значи - или ќе бидеш во грчката иделологија и ќе прифатиш асимилација, со што се отвораат сите врати и можности за просперитет и за тебе, и за твоето семејство, или пак ќе бидеш Македонец кој не сака јавно да се покаже дека се покорува дека станува Грк, па си некаде во средината и си го чуваш идентитетот, но не си активен за таа кауза, се наоѓаш на маргините на општеството, и преживуваш.  

Третата категорија, или активистите Македонци сме ние во Виножито.  Грчкиот систем во секоја можност гледа да не` нападне во сите сфери на нашиот живот - во семејството, школувањето, бизнисот “.

Од своја страна, грчките власти стојат на тоа дека сите граѓани на земјата,  како членка на ЕУ, ги уживаат загарантираните слободи и човекови права.
 
Дарко Ангелов, шеф на Кабинетот на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов смета дека ваков вид на собири на иселениците ќе ја зацврсти позицијата и единството на Македонија:

[insert caption here]

„Ова е голем исчекор во креирање на една координирана македонска дијаспора како активен лобист на македонската надворешна политика“.

Иселениците заклучија дека треба да смени начинот на како се гледа на дијаспората – не само како одржувач на македонскиот јазик и култура, туку и како чинител во креирање на надворешната политика.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет