VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Сервер: Ќе ги нарекувам граѓаните на Македонија како што сакаат да се нарекуваат - Mакедонци


18/06/2009

wood Daniel Serwer 150.jpg

Даниел Сервер од Американскиот институт за мир, кој веќе долги години се бави со Балканот, во интервју за Гласот на Америка на македонски за спорот околу името, направено на маргините на неодамнешната Конференција на Обединетата македонска дијапора во Вашингтон, вели дека за него не е битно што ќе пишува на парче хартија во ОН и дека ќе ги нарекува граѓаните на Македонија како што сакаат да се нарекуваат - Македонци. 

Глас на Америка на македонски: По секоја рунда разговори за името, компромисот и натаму се чини далечен.  Зошто?      

Даниел Сервер:  Навистина не знам.  Мислев дека ова одамна ќе беше решено.  Почна и да ми станува неважно, затоа што ќе ги нарекувам граѓаните на Македонија како што сакаат да се нарекуваат, а тоа е Македонци.

Глас на Америка на македонски:  Каде треба да стави тежиште и да се изврши притисок во преговорите? 

Даниел Сервер:  Притисокот треба да биде на сите страни за да се постигне спогодба.  Факт е дека Грците имаат силна преговарачка позиција затоа што се членка на НАТО и ЕУи Македонсите треба тоа да го имаат предвид.  Навистина мислам дека не е многу битно што пишува на некое парче хартија во ОН.  Важно е како Македонците  сакаат да се нарекуваат и јас така ќе ги нарекувам.

Глас на Америка на македонски:  Што може САД да сторат за да и` помогнат на Македонија да стане дел од НАТО? 

Даниел Сервер:  Мислам дека САД треба да извршат притисок врз обете страни за обострана спогодба.  Мислам дека тоа и го прават, но можеби треба да го прават уште повеќе. 

Глас на Америка на македонски:  Дали Северна Македонија е разумно решение, имајќи го предвид македонскиот јазик и идентитет?

Даниел Сервер:  Секое решение на кое обете страни може да се согласат е чесно решение.  Како што реков, навистина не ми е битно што е на парче хартија во ОН.  Ќе ги нарекувам Македонците – Македонци, се` додека не побараат да престанам.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет