VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Интервју со Кендис Милер, конгресменка на САД

19/06/2009

„Мошне е важно Македонија да стане членка на НАТО.Ги исполнува сите критериуми, и да биде отфрлена само врз основа на прашањето за името, тоа, искрено кажано, е најбесмисленото нешто што воопшто сум го видела “, вели конгресменката Кендис Милер, републиканка од Мичиген во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, откако доби награда на конференцијата на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон.Со неа разговараше Ведран Андоновски.   

Глас на Америка на македонски:Што Ви значи наградата?

[insert caption here]
Мошне е важно Македонија да стане членка на НАТО
Кендис Милер:
Ми беше големо задоволство да ја примам наградата.Во мојата изборна единица - југоисточен Мичиген - сметаме дека го имаме најголемото македонско население во земјата.  Сметаме дека тамошната македонска православна црква „Пресвета Богородица“ е најголемата црква од тој вид.  Едно од нештата што го научив од македонската заедница во мојата област е нивната љубов кон заедницата, љубовта кон семејството, и тоа како силната заедница и силното семејство градат слободи што сите ние ги бараме.Тоа навистина е заедничката цел што верувам дека САД ја споделуваат со Република Македонија - целта на слобода за секое човечко суштество.

Глас на Америка на македонски:Во писмо до државната секретарка Клинтон заедно со група конгресмени ја повикувате да ги приближи двете земји за решавање на проблемот со името.Реално гледано, што може да стори американската влада надвор од она што досега го има направено, за да се најде решение?

Кендис Милер:Мислам дека САД имаат значителен лост во сето ова.Мошне е важно секретарката Клинтон да ги приближи двете земји.Посекако, кога станува збор за НАТО, мошне е важно Македонија да стане членка на НАТО.  Ги исполнува сите критериуми, и да биде отфрлена само врз основа на прашањето за името, тоа, искрено кажано, е најбесмисленото нешто што воопшто сум го видела.Не знам за некој друг таков пример во историјата, особено не во историјата на НАТО.Треба да го надминеме тоа.      

Глас на Америка на македонски:Што, пак, Македонија треба да направи со цел поскоро да стане членка на НАТО?

Кендис Милер:Македонија ги исполни сите тестови што можам да ги замислам.Како Американец ви кажувам дека сме мошне благодарни за поддршката што ја добивме во војната против тероризмот, во Ирак, во Авганистан.Како што сведочиме дека Република Македонија има слободни и праведни избори, дека Република Македонија продолжува кон целта за систем на слободни пазари, не знам каков вид на други очекувања воопшто може да поставиме во однос на Република Македонија.  Што поскоро стане членка на НАТО – тоа подобро.    


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет