VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Веб страница во избор на Гласот на Америка: Докази – како го знаеме тоа што го знаеме?

29/06/2009

In the authors’ simulations, gas filament condenses and then fragments to form first stars
Креирана од „Експлораториум", научниот музеј во Сан Франциско, веб страницата Exploratorium.edu/evidence ја истражува улогата на физичките докази во науката и општеството.  „Експлораториум" го претставува потеклото на човекот и еволуција, во вид на студија за начините на кои научниците ги користат доказите за да објаснат како функционира светот.

Според Мелиса Александар, директор за јавни програми во рамки на музејот, посетителите ќе можат да изберат еден од петте начини да почнат со собирање и анализа на доказите за одреден случај.

Набљудување на однесувањето, собирање докази, истрага на односите, наоѓање на сличности и разгледување на можностите. Ова се петте главни области на страницата, вели Александар.

На пример, со набљудување на однесувањето се поставуваат клучните научни прашања поврзани со потеклото на човекот и еволуцијата.

„Кое однесување не` одвојува од нашите најблиски живи предци, петте повисоки примати?  Дали нашите претци користеле орудија?  Дали имаат капацитет за алтруизам?  Дали се повеќе или помалку интелегентни споредено со нас?  Колку се слични или различни од нас?", се прашањата што како илустрација ги наведува Александар.  

Мелиса Александар додава дека веб страницата нуди начин да се одговори на овие прашања преку колекција на он-лајн интерактивни елементи.

„Почнувајќи од черепи во тродимензионална верзија, до заби и гени. Постојат бројни елеменсти за најновите истражувачки техники кои токму сега излегуваат во јавност. Веб страницата ги поврзува сите различните науки, за да покаже како секоја од нив, иако се од различни дисциплини, се соединуваат за да ги постават и да одговорат на овие навистина фундаментални прашања за потеклото на човекот", вели Александар.

Мелиса Александар додава дека посебно се важни видео сегментите на оваа веб страница.

„Ова е изложба што ве води кон автентична локација за истражување, како Институтот за еволутивна  антропологија во Лајпцих, Германија.  Ве води и во Африка, каде научниците трагаат по податоци, а вие им гледате преку рамо како работат и можете да разгорате со нив за тоа ", вели Мелиса Александар.

„Ја дизајниравме страницата „Докази", на начин како што би се дизајнирала тв серија, се` со цел луѓето да се враќаат и да ги бараат деталите, за на крај да добијат целосна слика за одредена проблематика", вели Мелиса.

„Докази:  Како го знаеме тоа што го знаеме?", во моментов е на англиски и на шпански јазик, но продуцентот Мелиса Александар вели се работи на проширување и на други јазици.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд