VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Пред патувањето на Барак Обама во Русија:  Балансирање на прагматизмот и принципите

30/06/2009

US Pres. Barack Obama (R) and Russian Pres. Dmitry Medvedev after their 01 Apr 2009 meeting in London, ahead of the G20 summit
Иако претседателот Обама допрва треба да ги изложи деталите за политиката на САД спрема Русија, Кремљ вели дека добива позитивни сигнали од неговата администрација, за шансите за обнова на односите меѓу Москва и Вашингтон.  Но, руските активисти за граѓански права се загрижени дека Обама можеби се залага за прагматична политика што ќе ги подобри билатералните интереси, но не и принципите за демократија во Русија.

Во мај, претседателот Обама на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој беше во посета на Вашингтон, му порача дека САД и Русија имат одлична можност да ги обноват билатералните односи по бројни прашања.

„Од нуклеарно оружје, до ширење на нуклеарното оружје, ситуацијата во Авганистан и Пакистан, за пристапот кон иранското прашање, Блискиот Исток, комерцијалните односи меѓу двете земји и како се справуваме со финансиската криза која предизвика проблеми за светската економија воопшто", изјави Обама.

Министерот Лавров одговори позитивно:

„Сметам дека работиме на мошне прагматичен, деловен начин, врз основа на заеднички интереси онаму каде имаме исти ставови, и меѓусебна почит, онаму каде што имаме несогласувања, обидувајќи се да ги намалиме несогласувањата во полза на нашите земји и меѓународната безбедност", вели Лавров.

Еден од поголемите заеднички интереси е намалување на нуклеарниот арсенал. Американскиот и рускиот претседател ќе добијат извештај за напредокот во однос на новиот договор што треба да го замени Договорот за стратешко намалување на оружјето.  Напредокот по новиот договор, може да води кон потесна соработка за други прашања, велат експертите.

Полицијата во Русија честопати користи сила за да ги задуши опозиционите демонстрации, покренувајќи го прашањето за тоа како Кремљ се справува со дисидентството и човековите права.  Активистите за човекови права во Русија велат дека ова прашање би требало да биде на врвот на агендата на претседателот Обама за време на посетата на Русија, но сепак се стравува дека тоа нема да се случи.

Во март годинава, рускиот претседател Дмитри Медведев во Кремљ се сретна со поранешните американски сенатори Чак Хагел и Гери Харт. Членови на двопартиската комисија за политиката на САД спрема Русија. Иако комисијата го поттикнува Обама да го покрене прашањето за човекови права, воедно препорачува тој да го почитува рускиот суверенитет, историја и традиција.

Виктор Кременук од американско-канадскиот институт со седиште во Москва се согласува дека неговата земја мора да се демократизира, доколку сака да ја модернезира својата економија. Но, овој експерт додава дека надворешниот притисок може да биде контрапродуктивен.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД