VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
„Фридом Хаус“:  2008-ма - црна година за демократиите во поранешните комунистички земји

01/07/2009

Речиси две децении по падот на Берлинскиот ѕид, во нова студија на „Фридом Хаус“, меѓународната невладина организација со седиште во Вашингтон, се наведува дека е забележано опаѓање на демократијата во земјите од Централна Европа до Евроазија, а Русија за прв пат се поврзува со диктаторски режим.

Во студијата насловена како „2008-ма - црна година за демократиите во поранешните комунистички земји“, стои и дека минатата година се регистрирани повеќе загуби отколку придобивки во областите како изборниот процес, независните медиуми, локалното демократско владеење и корупцијата.

Во делот за Македонија, за изборниот процес се наведуваат пропусти од предвремените парламентарни избори на 1-ви јуни.  Според ОБСЕ, се вели во извештајот, за време на изборите не биле исполнети клучните меѓународни стандарди, особено заради нападите врз канцелариите на изборните штабови, физичките пресметки и употреба на огнено оружје.  Нормативот за избор на претседател бил намален од 50 на 40 проценти, со што се намали потребата на претседателските кандидати да се борат за поголема  поддршка од граѓаните со различно етничко потекло, се вели во најновиот извештај на „Фридом Хаус“.  Немало јавна дискусија за промена на оваа политика и како резултат на тоа, според документот, рангирањето на изборниот процес во Македонија, се влошил од 3,25 до 3,50.

Во однос на корупцијата, владата на премиерот Никола Груевски тврди дека борбата против ова зло е еден од нејзините приоритети, е наведено во извештајот.  Заради преземените мерки во 2008 и казнувањето на  одредени јавни личности за вмешаност во коруптивни дејности, рангирањето на Македонија што се однесува до корупцијата е подобрено.

Во областа на граѓанско општество, независни медиуми, локално демократско владеење и судска рамка и независност, состојбата во Македонија, според „Фридом Хаус“ е практично непроменета.

За 2009 година, според најновиот извештај на невладината организација, во Македонија се прогнозираат тензии во редовите на владеачката коалиција. Ситуацијата на Косово, кое минатата година прогласи независност, може негативно да се одрази на етничките односи во Македонија, стои во извештајот. Македонската влада се предвидува дека ќе биде под натамошен притисок за економски реформи и постигнување на поголем економски растеж. Датумот за преговори за членство во ЕУ и НАТО, стои во извештајот, би претставувал поддршка на реформистите во земјата и би бил знак за стабилизација на македонската демократија. Како тест за демократската зрелост на Македонија, вели „Фридом Хаус“, се и претседателските и локалните избори, а за годинава е предвиена и целосна визна либерализација од страна на ЕУ.

„Фридом Хаус“, независна невладина организција која поттикнува проширување на слободите во светот, врши мониторинг на политичките права и граѓански слободи ширум светот уште од 1972-ра година.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Обама ќе ја објави стратегијата за Авганистан во вторник

  Повеќе
Рецесијата се одрази на патувањето за Денот на благодарноста
Обама ќе учествува на климатскиот самит во Данска
Обама ја помилува мисирката Храброст
Во САД опаѓа бројот на случаи на свински грип
Желева: Има уште многу време до 7-ми декември
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името