VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Калифорнија и други сојузни држави соочени со буџетска криза

01/07/2009

Владата на американската сојузна држава Калифорнија најави дека ќе започне да издава обврзници наместо да плаќа со пари за некои сметки, поради тоа што пратениците не успеаја да се договорат како да го надминат буџетскиот кусок од 24 милијарди долари.    

Калифорнија е една од неколкуте сојузни држави што имаат сериозни буџетски проблеми на почетокот на новата фискална година на 1-ви јули.  Како резултат на економската криза, сојузните држави доживеаја пад во приходите.

Пратениците во Сенатот на Калифорнија се обидоа, но не постигнаа согласност за изгласување на мерки за скратување на образовниот буџет на државата за три милијарди долари до истекот на крајниот рок на полноќ меѓу вторникот и средата.  Сенаторите се согласија дека се потребни скратувања, но демократите, кои имаат контрола во телото, предложија нови такси за намалување на кусокот како решение за ситуацијата.  Републиканците, меѓу кои и гувернерот Арнолд Шварценегер, се против. 

Според истражувачката организација Центар за буџет и политички приоритети со седиште во Вашингтон, најмалку 48 од 50-те сојузни држави се справуваат или се соочуваат со кусок во буџетот за наредната година.

Илиноис и` се придружи на Калифорнија како друга држава што ја започна новата фискална година без буџет.  Гувернерот Пат Квин одби да потпише каков и да е буџетски план што ќе ги скрати средствата за ментална здравствена заштита. 

Во Пенсилванија, пратениците се справуваат со кусок од 3,2 милијарди долари и може да се случи да решат одложено да им плаќаат на државните службеници.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Вооружен судир на морнариците на двете Кореи

  Повеќе
Обама заминува на прва турнеја низ Азија
Обама на средба со семејствата на жртвите во Форт Худ
Тропското невреме Ајда го погоди јужното крајбрежје на САД
Во Македонија не беа организирани свечености за годишнината од падот на Берлинскиот ѕид 
Пони Експрес се подготвува за прослава на 150 годишнината
Нов самоубиствен напад во Пакистан, најмалку 20 мртви 
Снајперистот од Вашингтон пред егзекуција
Сомалиските пирати продолжуваат со киднапирање бродови  
Паѓаат цените  на домовите во САД - расте продажбата 
Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан
Обама го пофали усвојувањето на мерката за реформи во здравството во Претставничкиот дом
Иран обвини тројца Американци за шпионажа
Врховниот суд на САД расправа за доживотната казна затвор за малолетници
Германија одбележува 20-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид
Филип Гордон:  Договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Вељаноски во Вашингтон:  Добивме целосна поддршка за интеграционите процеси
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас
Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ
Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември
Абас без планови за реизбор на функцијата
Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон
Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан
Продолжува насилството во Ирак
Сенатот ја продолжи помошта за невработените
ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан
СЗО:  Свинскиот грип доминантен вирус во светот
Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак
ОН најавија продолжување на преговорите за името  
Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името
Бен Кардин: Прашањето за името е решливо
Обама повика на повисоки стандарди во образованието