VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Пред самитот на Групата Осум – надеж за справување со сиромаштијата во Африка

03/07/2009

Годишниот самит на Групата 8 индустријализирани земји е можност нивните лидери да разговараат за наоѓање решенија за глобалните проблеми.  Хуманитарните групи се надеваат дека шефовите на држави и влади годинава ќе решат да ја зголемат помошта за развој на Африка.

Мередит Александер од групата за борба против сиромаштијата „Помош за акција“, со седиште во Лондон, вели дека Г-8 има шанса вистински да им помогне на африкански земји.

„Очекуваме дека како резултат на рецесијата, годинава ќе бидат загубени околу 50 милијарди долари наменети за Африка.  Тука се и проблемите како климатските промени, растечката криза со сиромаштијата, СИДА-та и образованието.  Би било добро доколку Г-8 овие проблеми ги сфати сериозно“, вели Мередит Александар.

„Помош за акција“ се надева дека африканското земјоделство ќе биде една од областите каде ќе биде зголемена помошта од страна на развиените земји.  Ова, додава Александер, ќе ја намали гладта. Сепак, вели Мередит, Г-8 има историја на давање празни  ветувања.

„Сметаме дека лидерите од Г-8 треба навистина да ги стават парите каде што им се устите, а оваа одговорност најпрво се однесува на домаќинот на самитот, Италија“, вели оваа претставничка на „Помош за акција“.

Но, според најнов извештај на меѓународната хуманитарна организација „Еден“, Италија нема да го реализира ветеното.

Групата додава дека премиерот Силвио Берлускони „сосема потфрлил“ во одржување на ветената помош за Африка на самитот во 2005 година.

Оваа хуманитарна организација се надева дека другите странски лидери ќе извршат притисок врз Италија да направи промени во својата финансиска политика и да стори повеќе за развој на земјоделството на овој континент.

Директорот на „Еден“ одговорен за Европа, Оливер Бастон, вели:

„Основна работа е да се одржуваат ветувања.  Знаеме дека кога овие пари ќе се искористат ефикасно, може да се постигнат одлични резултати.  Лидерите на осумте најразвиени земји дадоа ветувања за најсиромашните луѓе на планетава. Сега е време да ги одржат“.

Од организацијата „Еден“ велат дека африканските земји добиле само една третина од ветената помош од самитот во 2005. Но тие, и други активистички групи се надеваат дека лидерите на овогодишниот самит ќе бидат свесни за потребата да се стори повеќе.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Желева: Има уште многу време до 7-ми декември

  Повеќе
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името