VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Американците го почнаа прославувањето на 4-ти jули

03/07/2009

Многу Американци го почнуваат одморот по повод Денот на независноста со слободен ден за да уживаат во продолжениот викенд.

Банките и федералните служби се затворени, а многу бизниси работат со скратено работно време.

Вашингтон и Њујорк се меѓу градовите кои ќе имаат спектакуларни огномети за 4-ти јули. Но, многу помали градови се принудени да ја откажат или драстично да ја намалат прославата поради економската криза.

Празникот е одбележување на 4-ти јули од 1776-та, кога делагати од 13 американски колонии официјално објавија независност од Британија. Претседателот Барак Обама ќе го прослави празникот во Белата куќа со семејства на воени лица.

Јавната телевизија и службата на националните паркови ќе одржи бесплатен гала-концерт пред зградата на Конгресот.

Изведувачите, меѓу кои и Бери Манилоу и Арета Френклин, во петок ќе одржат генерална проба пред официјалниот настап, што привлекува голем број посетители како ран почеток на празничните случувања во градот.
 
На њујоршкиот Кони Ајланд планиран е натпреварот во брзо јадење хот-дог, што традиционално секоја година се одржува за 4-ти јули. Натпреварот се пренесува на национално ниво преку спортската тв-мрежа „И-Ес-Пи-Ен“.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Вооружен судир на морнариците на двете Кореи

  Повеќе
Обама заминува на прва турнеја низ Азија
Обама на средба со семејствата на жртвите во Форт Худ
Тропското невреме Ајда го погоди јужното крајбрежје на САД
Во Македонија не беа организирани свечености за годишнината од падот на Берлинскиот ѕид 
Пони Експрес се подготвува за прослава на 150 годишнината
Нов самоубиствен напад во Пакистан, најмалку 20 мртви 
Снајперистот од Вашингтон пред егзекуција
Сомалиските пирати продолжуваат со киднапирање бродови  
Паѓаат цените  на домовите во САД - расте продажбата 
Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан
Обама го пофали усвојувањето на мерката за реформи во здравството во Претставничкиот дом
Иран обвини тројца Американци за шпионажа
Врховниот суд на САД расправа за доживотната казна затвор за малолетници
Германија одбележува 20-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид
Филип Гордон:  Договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Вељаноски во Вашингтон:  Добивме целосна поддршка за интеграционите процеси
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас
Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ
Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември
Абас без планови за реизбор на функцијата
Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон
Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан
Продолжува насилството во Ирак
Сенатот ја продолжи помошта за невработените
ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан
СЗО:  Свинскиот грип доминантен вирус во светот
Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак
ОН најавија продолжување на преговорите за името  
Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името
Бен Кардин: Прашањето за името е решливо
Обама повика на повисоки стандарди во образованието