VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
И покрај слабата економија, Обама со силна поддршка од јавноста

03/07/2009

Стапката на невработеност во САД порасна на 9, 5 процени минатиот месец – највисока цифра во последните 26 години. Последното истражување на јавното мислење покажува дека претседателот Обама продолжува да има поддршка во јавноста за неговата политика и покрај слабите економски показатели.

Претседателот Обама по разочарувачкиот извештај за невработеноста побара од Американците трпеливост во време кога земјата чека да подобрување на економијата:

„Како што велам од првиот момент кога дојдов во Белата куќа, беа потребни години да дојдеме до овој хаос, и ќе бидат потребни повеќе од неколку месеци да се сврти  текот на ситуацијата на подобро.“

Делумна утеха за Обама и покрај забавената економија,може да биде неодамнешно истражување на јавното мислење. Универзитетот од Конетикат направи анкета што покажа дека јавноста, во најголем дел, и натаму го поддржува претседателот.

„Претседателот Обама е се уште многу популарен меѓу Американците. Тој има 57-процентно одобрување за тоа како ја врши работата, што е прилично висок рејтинг. Има мало опаѓање откако дојде на  функцијата, но тоа не е големо изненадување“, вели анкетарот Питер Браун.

Незадоволство во јавноста за тоа како Обама се справува со кризата е 31-37 проценти.

Браун вели дека поддршката за претседателот паднала за осум до 10 поени меѓу некои клучни гласачки групи од претходната анкета на почетокот на јуни:

„Тоа се луѓе и групи кои не гласаа за него на изборите во ноември минатата година. Говориме за мажи, републиканци, евангелистички бели христијани и католици. Не се очекува, историски погледнато, тие да имаат поддршка за претседателот“, вели Браун.

Опозициските републиканци за опаѓањето на поддршката на претседателот бараат одговор во растечката загриженост на јавноста за националниот долг и буџетскиот дефицит.

Претседавачот со националниот републикански комитет Мајкл Стил, вели дека последниот извештај за невработеноста покажува дека стимулативниот план на претседателот не носи економско опоравување. 

Сепак, анкетарот Питер Браун вели дека засега, Американците се уште сметаат дека дел од одговорноста за економската состојба има претседателот Буш, а не актуелниот претседател Обама: „Засега тој успева да ги убеди Американците дека економските проблеми со кои се соочуваат не се по негова вина, туку резултат на политиката на неговиот претходник и затоа одобрување на јавноста за неговата работа е со висок процент. Кога ќе почне јавноста него да го обвинува за економската состојба, тогаш ќе уследи намалување на цифрите“

Претседателот се соочува со уште еден домашен тест на 13-ти јули. Тогаш почнува распитот во Конгресот за потврдување на неговата номинација за судија во Врховниот суд, судијката Соња Сотомајор.

Обама ја  избра Сотомајор за местото на судијата Дејвид Саутер, кој се пензионира. Ако биде потврдена на функцијата, таа ќе стане прв судија од латимоамериканско потекло во Врховниот суд и трета жена на оваа највисока судска инстанца.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Обама ќе ја објави стратегијата за Авганистан во вторник

  Повеќе
Рецесијата се одрази на патувањето за Денот на благодарноста
Обама ќе учествува на климатскиот самит во Данска
Обама ја помилува мисирката Храброст
Во САД опаѓа бројот на случаи на свински грип
Желева: Има уште многу време до 7-ми декември
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името