VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Според светска анкета, Обама, а не американската политика наидува на одобрување    

08/07/2009

Според нова анкета на речиси 20.000 испитаници во Кина, Индија, Индонезија, Русија и други земји ширум светот, американскиот претседател Барак Обама добро котира.  Но, истовремено, многумина веруваат САД ја користат воената моќ за да ја наметнат својата волја. 

На прашањето дали имаат доверба дека Обама „ќе го преземе вистинскиот чекор“ за сите земји во однос на светските случувања, 61 процент одговориле дека имаат одредена или голема.  Сепак, во сите 20 земји вклучени во анкетата на конзорциумот на истѕражувачки организации – „World Public Opinion.org“, мнозинството велат дека САД ја користат „заканата од воена сила“ за да добијат предност.  Во просек, 77 проценти сметаат дека САД се закануваат.  Генерално, има различни мислења за тоа дали САД играат позитивна улога во светот.

Ранда Слим, соработник на Американскиот институт за мир во Вашингтон, коментира дека Обама мора да ја искористи добрата волја што ја создаде по минатомесечниот говор во Каиро.

„Треба да постигне краткорочен успех по прашања важни за луѓето од регионот.  Прво е арапско-израелскиот конфликт.  Остварувањето на прекин на изградбата на израелските населби ќе внесе огромна промена“, смета Слим.

На пазар во западен Ерусалим, Израелците и Палестинците понудија различни реакции:.

„Откако го слушнавме во Каиро, се работи за добар човек, добар претседател кој ќе му помогне на палестинскиот народ“, вели еден неидентификуван Палестинец.

„Не е способен да раководи со светот, но може да упати повик во однос на мирот.  Можеби на луѓето ќе им даде сигнал дека е време за мир во светот“, коментира Рафи, Израелец. 

Ранда Слим смета дека за Обама е важно да се придржува до својот план за повлекување на сите американски сили од Ирак до крајот на 2011-та година.  Во негова корист е и да се сретне со различни муслимански групи што го претставуваат главниот ек на исламските вредности, вели аналитичарката. 

„Треба да говори директно со луѓето од светот каде муслиманите се мнозинство, за да им каже – иако самиот е христијанин – како смета дека демократијата е исламски принцип“, вели Слим.

На ова се надоврзува Стивен Кул, директор на конзорциумот што ја спроведе анкетата „Глобалниот имиџ на Америка во ерата на Обама“:  „Како САД ќе се справат со исламските партии?  Во говорот во Каиро, Обама не беше прецизен по ова прашање.  Постои претстава дека САД се подготвени да одат наспроти своите демократски принципи затоа што владата на Обама смета дека исламските партии нема да бидат од помош на американската надворешна политика.  Тоа е негативно во гледиштето на муслиманите ширум светот, вклучувајќи ја Индонезија“.

Скромно мнозинство Индонезијци од 54 проценти изрази доверба во Обама во однос на светските прашања.  Со сличен став беа и испитаниците од Кина - 55 проценти од нив.

„Тој е нов претседател, шармантен, со млад дух и се чини дека поседува огромна страст и енергија“ вели Кинезот Жи Веи.

Освен за политиката, анкетираните изразија загриженост и за американскиот став во однос на глобалните климатски промени.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет