VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Според светска анкета, Обама, а не американската политика наидува на одобрување    

08/07/2009

Според нова анкета на речиси 20.000 испитаници во Кина, Индија, Индонезија, Русија и други земји ширум светот, американскиот претседател Барак Обама добро котира.  Но, истовремено, многумина веруваат САД ја користат воената моќ за да ја наметнат својата волја. 

На прашањето дали имаат доверба дека Обама „ќе го преземе вистинскиот чекор“ за сите земји во однос на светските случувања, 61 процент одговориле дека имаат одредена или голема.  Сепак, во сите 20 земји вклучени во анкетата на конзорциумот на истѕражувачки организации – „World Public Opinion.org“, мнозинството велат дека САД ја користат „заканата од воена сила“ за да добијат предност.  Во просек, 77 проценти сметаат дека САД се закануваат.  Генерално, има различни мислења за тоа дали САД играат позитивна улога во светот.

Ранда Слим, соработник на Американскиот институт за мир во Вашингтон, коментира дека Обама мора да ја искористи добрата волја што ја создаде по минатомесечниот говор во Каиро.

„Треба да постигне краткорочен успех по прашања важни за луѓето од регионот.  Прво е арапско-израелскиот конфликт.  Остварувањето на прекин на изградбата на израелските населби ќе внесе огромна промена“, смета Слим.

На пазар во западен Ерусалим, Израелците и Палестинците понудија различни реакции:.

„Откако го слушнавме во Каиро, се работи за добар човек, добар претседател кој ќе му помогне на палестинскиот народ“, вели еден неидентификуван Палестинец.

„Не е способен да раководи со светот, но може да упати повик во однос на мирот.  Можеби на луѓето ќе им даде сигнал дека е време за мир во светот“, коментира Рафи, Израелец. 

Ранда Слим смета дека за Обама е важно да се придржува до својот план за повлекување на сите американски сили од Ирак до крајот на 2011-та година.  Во негова корист е и да се сретне со различни муслимански групи што го претставуваат главниот ек на исламските вредности, вели аналитичарката. 

„Треба да говори директно со луѓето од светот каде муслиманите се мнозинство, за да им каже – иако самиот е христијанин – како смета дека демократијата е исламски принцип“, вели Слим.

На ова се надоврзува Стивен Кул, директор на конзорциумот што ја спроведе анкетата „Глобалниот имиџ на Америка во ерата на Обама“:  „Како САД ќе се справат со исламските партии?  Во говорот во Каиро, Обама не беше прецизен по ова прашање.  Постои претстава дека САД се подготвени да одат наспроти своите демократски принципи затоа што владата на Обама смета дека исламските партии нема да бидат од помош на американската надворешна политика.  Тоа е негативно во гледиштето на муслиманите ширум светот, вклучувајќи ја Индонезија“.

Скромно мнозинство Индонезијци од 54 проценти изрази доверба во Обама во однос на светските прашања.  Со сличен став беа и испитаниците од Кина - 55 проценти од нив.

„Тој е нов претседател, шармантен, со млад дух и се чини дека поседува огромна страст и енергија“ вели Кинезот Жи Веи.

Освен за политиката, анкетираните изразија загриженост и за американскиот став во однос на глобалните климатски промени.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Њујорк ќе плати 657 милиони долари на работниците на граунд зеро

  Повеќе
Владимир Четкар во познатиот вашингтонски клуб „Блуз ели“
Стејт департмент: изборите според стандардите, проблем третманот на затвореници
Пакистан: 45 убиени во самоубиствени напади во Лахоре
Економија: Maлопродажбата во САД расте
Првичните резултати покажуваат тесна изборна трка во Ирак
Трибина во Вашингтон за името Македонија
Тренд: 3-Д телевизори
Бајден во Тел Авив: Нема одлагање на мировните разговори
„Форбс“: Карлос Слим најбогат човек во светот
Стапката на невработеност во САД опаѓа
На американските патишта рекордно мал број загинати во 2009
Судир на полицијата со протестанти во Атина
САД пријател на Грција, и во добри, и во лоши времиња
Ахмадинеџад: Американските сили не можат да донесат мир во Авганистан
Бајден: Израелскиот план за населби во источен Ерусалим ја „поткопува“ довербата на Палестинците
Претседателот на Хаити во посета на Вашингтон
Обама ја носи пораката за здравствена реформа во Мисури
Конгресот  оддаде признание на жени-пилоти од Втората светска војна
Нова диета – прастар начин
На 99 години, нема намера да се пензионира!
Папандреу вели Обама позитивно реагирал во однос на  оневозможување на шпекулаторите
Езерото повторно порасна; градоначалникот замина за Австралија
САД и Русија ги продолжија разговорите за намалување на вооружувањето
Бајден ветува „тотална“ определба на САД за израелската безбедност
Турскиот амбасадор засега не се враќа во САД
Во Вашингтон започна склучување на истополови бракови
Папандреу во Вашингтон: Како САД можат да и` помогнат на Грција?
Тајните на молекуларната физика на интернет
Тежок пат до правдата за жртвите на силување
Силен земјотрес во источна Турција
Светот го одбележува Меѓународниот ден на жените
Гејтс предупредува на големи борби во Авганистан
Белгискиот премиер во посета на Македонија
Водостојбата на Охридското езеро непроменета?!
Обама во финален напор за  здравствена реформа
Ирачката воена драма ги собра Оскарите
Турција го повлече амбасадорот од САД
Македонски книги во американската Конгресна библиотека
Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго – стожер на православието во САД
Нарушен е балансот на полнење и празнење на Охридското Езеро