VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Македонија:  Промените во Владата на дневен ред на Парламентот

09/07/2009

[insert caption here]
В петок на дневен ред на Парламентот ќе се најдат разрешувањата на старите и именувањата на новите министри во Кабинетот на премиерот Никола Груевски.  

Колку побрзо тоа заврши, толку побрзо ќе продолжат реформите, е пораката од евроамбасадорот Ерван Фуере.  Тие немаат време за меден месец - вели тој.

По вчерашните оставки на министрите за образование и за земјоделство, Перо Стојановски и Ацо Спасеноски и по најавеното разрешување на министерот за финансии Трајко Славевски, Владата веќе најде нивна замена.  Вицепремиерот Зоран Ставрески ќе ги преземе финансиите, Никола Тодоров станува прв човек за образование, а Љупчо Димовски ќе биде одговорен за земјоделство. Владо Пешевски, досегашен директор на фондот СЕАФ е предложен за министер без ресор, задолжен за економски прашања.  Васко Наумовски ќе го замени досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски, кој поднесе оставка пред една недела.

Стојановски во оставката наведува дека и покрај силните заложби, не успеал да ја спречи политизацијата на образовните институции.  Спасеновски, пак, вели дека поднесува оставка, почитувајќи го договорот меѓу премиерот и лидерот на Социјалистичката партија за негов натамошен ангажман, додека Боцевски пред една недела констатираше дека неговиот придонес во евроинтеграциите од позиција на вицепремиер е исцрпен.  Единствено министерот за финансии Славевски на брифинг најави дека своите аргументи ќе ги изнесе на собраниската седница. Тој призна дека разрешувањето му било најавено, но дека сепак ќе го искористи деловничкото право да раскаже што се` сработил досега и дали евентулано погрешил.

Од ДУИ велат дека оценките за досегашната работа на нивните министри се позитивни и оти ќе нема промени.  Џевад Адеми потврди дека биле запознати со сите фази од донесувањето на овие одлуки и дека ќе ги поддржат новите решенија.  ДПА и Нова демократија - со критики до работата на министрите од ДУИ:  сметаат дека тие воопшто не се ни препознаваат во масата.  Најголемата опозициона партија СДСМ бара оставка од Груевски.  Цветанка Иванова смета дека ако министрите не покажале резултати значи дека „тој што ги диригира, не знае да го прави тоа".

На седницата Парламентот ќе избере и двајца заменици-министри, за земјоделство и за транспорт и врски.


Download Македонија: Промените во Владата на дневен ред на Парламентот
Преземете  (MP3)
Listen to This Report Македонија: Промените во Владата на дневен ред на Парламентот
Слушни (MP3)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Германија одбележува 20-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид

  Повеќе
Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан
Обама го пофали усвојувањето на мерката за реформи во здравството во Претставничкиот дом
Иран обвини тројца Американци за шпионажа
Врховниот суд на САД расправа за доживотната казна затвор за малолетници
Филип Гордон:  Договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Вељаноски во Вашингтон:  Добивме целосна поддршка за интеграционите процеси
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас
Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ
Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември
Абас без планови за реизбор на функцијата
Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон
Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан
Продолжува насилството во Ирак
Сенатот ја продолжи помошта за невработените
ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан
СЗО:  Свинскиот грип доминантен вирус во светот
Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак
ОН најавија продолжување на преговорите за името  
Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името
Бен Кардин: Прашањето за името е решливо
Обама повика на повисоки стандарди во образованието
Централната банка ги задржа каматните стапки непроменети
Иранската полиција се судри со опозициски демонстранти
Џенерал Моторс се повлече од зделката за продажба на Опел
Републиканците добија на  изборите во државите на САД
30 години од заложничката драма во амбасадата на САД во Техеран
Клинтон ќе побара египетска помош, но дали Каиро може да помогне?
Северна Кореја прави материјал за нуклеарно оружје
Во САД избори во неколку сојузни држави
Караџиќ се појави пред судот во Хаг
Меркел ги поттикнува американските законодавци на акција по климатските промени
Клинтон ветува помош за подобрување на односите меѓу САД и муслиманскиот свет
Клинтон продолжува да одговара на арапската критика за израелските населби
Каменеи:  Иран нема да го залажат изјавите од САД
Нов напад во Пакистан, 35 загинати
Русија и Британија во очекување на одговор од Иран за планот за збогатување на ураниум
20-години од падот на Берлинскиот ѕид 
Светски ден на борба против пневмонија
Обама: Потребна е силна акција да се поттикне економијата
Клинтон незадоволна од израелската понуда за населбите