Во неколку бомбашки напади ширум Ирак загинаа преку 40
лица – најкрвав биланс откако на 30-ти јуни американските сили се повлекоа од
ирачките градови.
Бомбаши-самоубијци убиле најмалку 35 лица, а имало 62
повредени во координирани напади во градот Тал Афар.
Во екзплозија на бомба во областа Садр во Багдад, пак,
загинале најмалку седум лица, а биле повредени 16.