VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Конференција во Вашингтон за улогата на жените во политичкиот живот на Балканот


10/07/2009

Учеството на жените во власта е круцијално за демократската транзиција на Западниот Балкан кон евро-атланските структури.  Владите во регионот, политичките партии и невладините организации работат на остранување на традиционалните пречки за понежниот пол во сите гранки на власта, подвлекоа учесниците на собирот.  

Зошто треба да има поголема вклученост на жените во јавниот и политички живот?  Низ конкретен пример објаснува Слаѓана Марјановиќ-Пановска, раководител на програми во Канцеларијата на НДИ во Скопје:

[insert caption here]

„Откако добивме повеќе жени во Парламентот на Република Македонија, тие успеаја да направат измени во законот за здравствена заштита, што овозможува секоја жена во Македонија еднаш годишно да има бесплатен гинеколошки и мамографски преглед. 

Тоа на долгорочен план ќе ја намали бројката на заболени. Ова е важно прашање од социјален аспект, затоа што тоа не се одразува само врз жената, туку и врз семејството“.

Африм Кркути од Дебар, вработен во Македонски пошти, кој исто така учествува на програмата во Вашингтон
[insert caption here]

организирана од Националниот демократски институт и Националниот албанско-американски совет, за статусот на жената во неговиот роден град вели:

„Веројатно сите знаеме што значи Дебар во смисла на еманципација на жената.  Ќе напоменам дека имаме дури и парламентарка во Собранието на Македонија од Дебар.  Познато е колку се едуцирани и колку вложуваат дебарчани во едукација на жените, но и на младите генерации. Оваа година имавме едно изненадување, дека од една, ќе ја наречам радикална албанска партија како што е ДПА, произлезе кандидат за претседател на Македонија - Мируше Хоџа.  Тој тренд нема да запре и во иднина ќе има повеќе изненадувања“.

Учесниците тврдат дека во сите земји на Западниот Балкан се менува стереотипот за жената како ограничена на домаќинка и без други амбиции.  Заклучија дека Македонија е лидер во еманципацијата на жените и нивно вклучување во политички процеси.  30 отсто од Парламентарците во актуелниот состав на македонското Собрание се жени.  Во, Албанија, процентот е 15.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Германија одбележува 20-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид

  Повеќе
Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан
Обама го пофали усвојувањето на мерката за реформи во здравството во Претставничкиот дом
Иран обвини тројца Американци за шпионажа
Врховниот суд на САД расправа за доживотната казна затвор за малолетници
Филип Гордон:  Договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Вељаноски во Вашингтон:  Добивме целосна поддршка за интеграционите процеси
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас
Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ
Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември
Абас без планови за реизбор на функцијата
Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон
Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан
Продолжува насилството во Ирак
Сенатот ја продолжи помошта за невработените
ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан
СЗО:  Свинскиот грип доминантен вирус во светот
Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак
ОН најавија продолжување на преговорите за името  
Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името
Бен Кардин: Прашањето за името е решливо
Обама повика на повисоки стандарди во образованието
Централната банка ги задржа каматните стапки непроменети
Иранската полиција се судри со опозициски демонстранти
Џенерал Моторс се повлече од зделката за продажба на Опел
Републиканците добија на  изборите во државите на САД
30 години од заложничката драма во амбасадата на САД во Техеран
Клинтон ќе побара египетска помош, но дали Каиро може да помогне?
Северна Кореја прави материјал за нуклеарно оружје
Во САД избори во неколку сојузни држави
Караџиќ се појави пред судот во Хаг
Меркел ги поттикнува американските законодавци на акција по климатските промени
Клинтон ветува помош за подобрување на односите меѓу САД и муслиманскиот свет
Клинтон продолжува да одговара на арапската критика за израелските населби
Каменеи:  Иран нема да го залажат изјавите од САД
Нов напад во Пакистан, 35 загинати
Русија и Британија во очекување на одговор од Иран за планот за збогатување на ураниум
20-години од падот на Берлинскиот ѕид 
Светски ден на борба против пневмонија
Обама: Потребна е силна акција да се поттикне економијата
Клинтон незадоволна од израелската понуда за населбите