VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Новиот „Џенерал моторс“ се надева дека ќе ја придобие довербата на купувачите

10/07/2009

The company's U.S. sales are down 16 percent this year alone.  GM predicts sales of fourteen million vehicles in the U.S. this year.  That's down from seventeen million, three years ago.<br />
Автомобилскиот гигант
Џенерал моторспо само 40 дена излезе од банкротство и новата, помала компанија со исто име најавува обемни промени за да врати довербата на купувачите, но и славата како една од најпрестижните во земјата.

Извршниот директор Фриц Хендерсон на прес-конференција во петокот во Детроит, сојузната држава Мичиген, рече дека новиот, не толку гломазен и поконкурентен „ЏМ“ е повторно во игра со владиниот заем од 50 милијарди долари.

„Ова е возбудлив ден за `Џенерал моторс`.  Денес е почеток на новата компанија која ќе му овоможи на секој вработен, вклучувајќи ме и мене, да се врати на задачата на дизајнирање, производство и продажба на извонредени автомобили и камиони и така да им служи на нашите муштерии“, рече Хендерсон.

„ЏМ“ успеа да излезе од банкрот многу побрзо отколку што многу аналитичари предвидуваа.  Во напорите за обнова, првите лица на комапнаијата најавија големи промени, како 35-процентно кратење на извршниот работен кадар, како и прекин на производството на некои марки на автомобили и камиони што долги години беа незаменлива глетка на автомобилските саеми како „Сааб“, „Сатурн“, „Опел“, „Понтијак“ и „Хамер“.

Хендерсон вели дека новиот „ЏМ“ ќе се насочи на тоа да им даде на купувачите модели кои тие сакаат да ги купат, меѓу што и повеќе хибридни возила, како и враќање на основните марки како „Шевролет“ и „Кадилак“.

„Во новиот „ЏМ, треба да направиме муштеријата да биде во центарот.  Ќе бидеме целосно посветени на тоа.  Ако тоа не го направиме, ништо друго нема да функционира.  Така едноставно“, коментираше Хендерсон.

Само минатиот месец, продажбата на „ЏМ“ падна за 34 проценти.  Експертот по маркетинг од Универзитетот на Детроит, Мајк Берначи, смета дека новата компанија треба да ги засука ракавите за да ја врати довербата меѓу американските потрошувачи:

„`ЏМ` стекна репутација дека не ја слуша јавноста.  Новата компанија треба тоа да го промени“, вели Берначи.

Излагањето на „ЏМ“ од банкротство е кулминација на несекојдневните напори на американската влада да ја спаси автомобилската индустрија во земјата.  Владата на претседателот Барак Обама потроши речиси 80 милијарди долари за помош на автопроизводителите, од кои 50 милијарди за „ЏМ“.

Хендерсон на прес-конференцијата најави дека компанијата има намера да ги врати владиниот заем многу порано од крајниот рок во 2015-та.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Вооружен судир на морнариците на двете Кореи

  Повеќе
Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан
Обама го пофали усвојувањето на мерката за реформи во здравството во Претставничкиот дом
Иран обвини тројца Американци за шпионажа
Врховниот суд на САД расправа за доживотната казна затвор за малолетници
Германија одбележува 20-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид
Филип Гордон:  Договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Вељаноски во Вашингтон:  Добивме целосна поддршка за интеграционите процеси
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас
Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ
Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември
Абас без планови за реизбор на функцијата
Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон
Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан
Продолжува насилството во Ирак
Сенатот ја продолжи помошта за невработените
ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан
СЗО:  Свинскиот грип доминантен вирус во светот
Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак
ОН најавија продолжување на преговорите за името  
Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името
Бен Кардин: Прашањето за името е решливо
Обама повика на повисоки стандарди во образованието
Централната банка ги задржа каматните стапки непроменети
Иранската полиција се судри со опозициски демонстранти
Џенерал Моторс се повлече од зделката за продажба на Опел
Републиканците добија на  изборите во државите на САД
30 години од заложничката драма во амбасадата на САД во Техеран
Клинтон ќе побара египетска помош, но дали Каиро може да помогне?
Северна Кореја прави материјал за нуклеарно оружје
Во САД избори во неколку сојузни држави
Караџиќ се појави пред судот во Хаг
Меркел ги поттикнува американските законодавци на акција по климатските промени
Клинтон ветува помош за подобрување на односите меѓу САД и муслиманскиот свет
Клинтон продолжува да одговара на арапската критика за израелските населби
Каменеи:  Иран нема да го залажат изјавите од САД
Нов напад во Пакистан, 35 загинати
Русија и Британија во очекување на одговор од Иран за планот за збогатување на ураниум
20-години од падот на Берлинскиот ѕид 
Светски ден на борба против пневмонија
Обама: Потребна е силна акција да се поттикне економијата
Клинтон незадоволна од израелската понуда за населбите