VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Обама во Гана ги повика Африканците да преземат контрола за сопствената судбина

13/07/2009

President Barack Obama, Speaker of Parliament Joyce Bamford-Addo, left, greet crowd following address, 11 Jul 2009
Првиот афро-американски претседател на САД беше топло пречекан во Гана, практично како член на семејство.  Тој за проблемите со кои се соочува Африка говореше токму како член на семејство – со критичен, но искрен тон. 

Обама, чиј татко е од Кенија, ја спомена личната врска со трагичното минато на Африка, но подвлече дека дошло времето Африканците да ја преземат контролата за својата судбина во свои раце. 

„Колонијалната карта, што немаше речиси никаква  смисла, поттикнуваше конфликти, а Западот честопати на Африка и` пристапуваше како патрон и гледаше на неа како на извор на ресурси, а не како на партнер.   Меѓутоа, Западот не е одговорен за уништувањето на економијата во Зимбабве изминатава деценија или за војните во кои се ангажираат деца-војници", рече американскиот претседател.

Обама ја повика новата генерација Африканци да изградат демократија, нови можности, да се борат против корупцијата и да стават крај на долгогодишното владеење со цврста рака и конфликти на континентот.

„За едно општество е смртна казна да се присилуваат деца да убиваат во војни.  Криминален чин и кукавичлук е да се силуваат жените.  Мора да се заложиме за вредноста на секој детски живот во Дарфур и за достоинството на секоја жена во Конго", порача Обама.

Во преполната сала пред членови на парламентот на Гана, Обама во саботата рече дека земјата станала пример за останатите од континентот – место каде развојот е поттикнат од доброто владеење.

„Тоа е елементот што недостасува на премногу места и премногу долго време.  Тоа е промената што може да го отвори потенцијалот на Африка и тоа е одговорност што може да ја исполнат само Африканците", рече Обама.

Тој ја охрабри Гана, особено младите генерации, порачувајќи им дека умеат да се борат против болестите, конфликтите и да направат темелни промени.  „Да, може да го сторите тоа", кажа американскиот претседател, парафразирајќи го својот предизборен слоган .

Барак Обама на заминувањето од Гана го испратија звуци на тапани и танцување - многумина се веселеа поради човекот на кого гледаат не само како на претседател на САД, туку и како син на Африка.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет