VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Белата куќа става акцент на „новите медиуми“ во обид да допре до луѓето од странство  

13/07/2009

US President Barack Obama waves as he shakes hands with members of parliament after addressing the parliament in Accra, 11 Jul 2009
Американскиот претседател во петокот беше срдечно пречекан во Гана, каде ги повика сите Африканците на уште поенерегична акција за елиминирање на сиромаштијата, војните и болестите на континетот.Карактеристично за посетата беше што Белата куќа стави акцент на таканаречените „нови медиуми", за да допре до што поголем број Африканци, но и да чуе што мислат тие.

Мејкон Филипс, директор за нови медиуми во Белата куќа, вели дека дури и во Гана, Интернет-мрежите за дружење како „Фејсбук" и „Твитер" се популарни, така што Белата куќа ја искористи посетата - претседателот да одговара на прашања поставени преку нив.

Филипс подвлекува дека Белата куќа сака да ги чуе мислењата на луѓето во странство за САД:„Не толку да се рекламира претседателот на позитивен начин, колку да имаме дијалог и вистински контакт со луѓето, што порано не било случај".  

Ова не е по првпат Белата куќа да ги користи таканаречените нови медиуми:неодамнешниот говор на Обама во Каиро месец го преведе на 13 јазици и покрај својата Интернет-страница, го стави и на „Ју туб".

Филипс наведува дека како одговорен за нови медиуми во Белата куќа морал да научи како различните култури добиваат информации.

„Има голема разлика како луѓето ширум светот користат информации.  Она што е популарно во Азија, на пример, е различно од она во САД, Африка или Европа.  Има толку многу разновидност.Многу е интересно колку луѓето во Африка се навикнати да го употребуваат телефонот за информации", вели Филипс.

Тој објаснува дека во Африка постои можност од својот телефон да испратите пораки до специјални броеви, наречени кратки кодови:  

„Ако сте во Африка и сакате да испратите порака до претседателот, да му пратите прашање, да му посакате добредојде, или пак да испратите коментар, на пример ако сте во Гана, тоа може да го сторите со јавување на краткиот код 1731" појаснува Филипс.

Без разлика дали се работи за пофалби или поплаки, Филипс подвлекува дека реакцијата на луѓето од други земји може да му помогне на Обама да ја образува својата надворешна политика.

E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Желева: Има уште многу време до 7-ми декември

  Повеќе
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името