VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Обама во ударен вечерен ТВ-термин го бранеше планот за здравствена заштита

23/07/2009

Американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција во ударен вечерен термин на американската телевизија средата навечер го бранеше својот план за реформа на здравствената заштита, образложувајќи го директно пред Американците и возвраќајќи на забелешките од конгресни претставнци од обете политички партии.

Во услови кога анкетите укажуваат пад на поддршката за реформа на здравствена заштита, Обама тврди дека неговиот план ќе ги намали се` повисоките цени на заштитата – нешто за кое рече дека е клучно за економската обнова на САД и долгорочниот економски растеж.  Претседателот аргументираше дека планот нуди повеќе можности за здравствено осигурување и заштита на која може да се потпрат.  Секојдневно по 14.000 Американци ќе го губат осигурувањето доколку не се промени сегашниот систем, предупреди Обама. 

Тој тврди и дека иницијативата нема да го зголеми државниот дефицит во наредната деценија, со тоа возвраќајќи на загриженоста меѓу малцинските републиканци во Конгресот и некои демократи.  Републиканците спорат дека планот практично претставува владино преземање на здравствената индустрија и се против идејата тој да се финансира од зголемени даноци за Американците со високи примања.  Тврдат – планот ќе чини далеку повеќе од 1 трилион долари, колку што најавуваат Обама и демократите. 

Обама сака обата дома на Конгресот да го усвојат нацрт-законот за здравствена заштита пред да заминат на летен распуст во август.  Конгресни претставници од обете партии, пак, најавуваат дека им треба повеќе време да изготват добра верзија на планот. 

Обама на прес-конференцијата ја бранеше и одлуката за парична помош на финансиските институции, со објаснување дека тоа било потребно за да се избегне „целосен финансиски распад".  Системот сега се стабилизирал, но потребни се нови финансиски регулативи за да се спречи слична криза, оцени првиот човек на САД.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет