VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Убиството на активист за човекови права во Чеченија

24/07/2009

Ова е уводник што ги одразува ставовите на американската влада

 

На 15-ти јули, Наталија Естемирова, еден од главните поборници за заштита на човековите права во Чеченија, беше пронајдена затрелана во Ингушетија.  Таа е втор активист за човекови убиен во Русија годинава поради обидот да го сврти вниманието на тешките и континуирани кршења на човековите права во Чеченија.

Како истражувач на Меморијалниот центар за човекови права, Естемирова преку десет години беше во првите редови на напорите да се истражат случаите за кршење на човековите права во Чеченија и да се повика на одговорност за нив.  Естемирова работеше на тоа на виделина да излезе насилниот тренд на бесправни погубувања во Чеченија, палења на домови во знак на казнување, грабнувања и произволи притварања, и храбро ги критикуваше властите за прекршоците и за тоа што не ги гони прекршителите.  Според Хјуман рајст воч, Естемирова помагала во истраги на неколку такви случаи кога била убиена.

Смртта на Наталија Естиморова е последна во серијата напади и убиства врз новинари, правници, активисти кои  бараат правда  во случаите на кршење на човековите права, особено во Чеченија.  Во јануари, Станислав Маркелов, проминентен адвокат за човекови права, кој застапувал бројни лица чии права биле прекршени во Чеченија, беше застрелан на улица во Москва.  Анастасија Бабурова, новинарка која беше со него, исто така беше убиена.  Во еден од случаите што привлече најповеќе внимание, истражувачкиот новинар Ана Политиковскаја, беше убиена во октомври 2006-та.

Треба да се спроведе детална истрага за овие убиства и извршителите да се изведта на суд.  За грабнувањето и убиството на Наталија Естемирова, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Мајк Хамер кажа дека „бруталното убиство е особено шокантно затоа што уследи една недела откако претседателот Обама се сретна со активисти од граѓанскиот сектор во Москва, вклучувајќи ги и оние од организацијата на Наталија".  Ова ужасно злосторство, рече Хамер, испраќа шокирачки сигнал до граѓанскиот сектор во Русија и меѓународната заедница и илустрира трагично влошување на безбедноста и владеењето на правото во Северен Кавказ во изминатите неколку месеци.

Хамер кажа и дека САД ја повикуваат руската влада да ги изведе на суд одговорните за подмолното злосторство и да покаже дека нема да толерира безаконие и неказнивост.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет