VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Обама ветува подобра здравствена заштита

29/07/2009

 Американскиот претседател Барак Обама вели дека неговиот план за реформа за здравствениот сектор ќе обезбеди поголема сигурност за Американците кои веќе имаат здравственото осигурување, а истовремено ќе ја ограничи моќта на осигурителните компании.

Обама на средбата во Рајли, сојузната држава Северна Каролина истакна дека предлогот вклучува серија мерки за заштита на Американците што ќе ги принудат осигурителните компании на одговорност во случаи во кои ќе се утврди дека постапиле нечесно.  Тој се залага да го прошири здравственото осигурување на преку 40 милиони во земјата кои во моментов се неосигурани, а истовремено да ги заузди трошоците на здравствената заштита.

Обама деновиве одржува средби со граѓани во обид да ја зајакне поддршката за неговиот план за реформа на здравствениот сектор и да го зголеми притисокот врз Конгресот да усвои легислатива на оваа тема.  

Обама се обидува да го надмине противењето на некои членови на Конгресот од Демократската партија – фискални конзервативци, кои стравуваат дека планот премногу ќе чини.  Републиканците, пак, водат агресивна кампања против реформата, нарекувајќи ја прв чекор во владино преземање на здравствената заштита во САД.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет