VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Обама на пиво со професор и полицаец

30/07/2009

Обама ги покани истакнатиот научен соработник, професорот на Универзитетот Харвард Хенри Луис Гејтс и наредникот Џејмс Кроли од полицискиот оддел во Кембриџ, сојузната држава Масачусетс, на пиво во Белата куќа.  Овие две лица се во центарот на расна контроверза што деновиве доминира на американските медиуми.

Гејтс, кој е црнец, беше уапсен во неговиот дом во близина на Универзитетот Харвард на 16-ти јули откако тој и неговиот возач биле забележани како се обидуваат сосила да ја отворат влезната врата, бидејќи Гејтс ги заборавил клучевите во куќата.  Полицијата реагирала на повик од еден од соседите дека две лица навидум се обидуваат да пробијат во домот.  Наредникот Кроли, инаку белец, го привел Гејтс откако, според полицијата,  професорот станал вербално агресивен и не сакал да соработува.  Гејтс бил уапсен под обвинение за насилничко однесување, но обвинението подоцна беше повлечено.

На прес-конференција на 22-ри јули, Обама истакна дека полицијата реагирала „глупаво“ за време на инцидентот.  Претседателот подоцна се обиде да ја смири растечката контроверза околу апсењето и кажа дека можеби повнимателно требало да ги избере своите зборови.  Обама подоцна по телефон разговораше со Кроули и кажа дека тој е „извонреден полицаец“ и „добар човек“.

Гејтс, чија специјалност е афро-американска историја, култура и литература, тврди дека во случајот бил жртва на расно профилирање.  Кроули, пак, инсистира дека ги следел процедурите на работата.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена

  Повеќе
Закажана средба Папандреу – Груевски
Обама го прими Синг во Белата куќа
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името