VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Обама на пиво со полицаец и професор „гаси“ расна контроверза


31/07/2009

 Американскиот претседател Барак Обама вели дека четвртокот попладне имал “пријателска, полна со размислувања“ средба во градината на Белата куќа, каде ги покани на пиво универзитетскиот професор Хенри Луис Гејтс Џуниор и полицискиот наредник Џејмс Кроли.  Овие две лица деновиве се во центарот на мошне жива расна дебата во САД. 

Обама во изјавата им се заблагодари на професорот на Харвард Кроли, инаку црнец, и наредникот Кроли, кој е белец, за тоа што се согласиле да се сретнат во обид да го надминат спорот. 

Кроли го уапси Гејтс во неговиот дом во близина на Универзитетот Харвард на 16-ти јули откако тој и неговиот возач биле забележани како се обидуваат сосила да ја отворат влезната врата, бидејќи Гејтс ги заборавил клучевите во куќата.  Полицијата реагирала на повик од еден од соседите дека две лица навидум се обидуваат да пробијат во домот.  Наредникот Кроли, инаку белец, го привел Гејтс откако, според полицијата,  професорот станал вербално агресивен и не сакал да соработува.  Гејтс бил уапсен под обвинение за насилничко однесување, но обвинението подоцна беше повлечено.  Гејтс, чија специјалност е афро-американска историја, култура и литература, тврди дека во случајот бил жртва на расно профилирање.  Кроли, пак, инсистира дека ја следел процедурата.

Кроли по неформалната средба во Белата куќа во четвртокот кажа дека учесниците разговарале како да тргнат напред.

Претходно во текот на денот, Обама коментираше на медиумското значење што се придаваше на средбата, велејќи дека не се работи за “пивски самит“ туку, едноставно, можност да се слушне другиот. 

Минатата недела, Обама надодаде на контроверзата со тоа што коментираше дека полицијата „реагирала глупаво“ апсејќи го Гејтс, кој е негов пријател.  Претседателот подоцна ја коригираше изјавата, велејќи дека требало повнимателно требало да ги избере своите зборови.  Тој потоа разговораше со Кроули по телефон и кажа дека тој е „извонреден полицаец“ и „добар човек“.

На средбата во Белата куќа присуствуваше и потпретседателот Џо Бајден.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет