VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Обама:  економската политика ја намали рецесијата

31/07/2009

Претседателот Барак Обама смета дека економската политика на неговата влада помогнале „да се повлече кочница за рецесијата“.  Тој даде ваков коментар во контекст на петочниот извештај на владиниот Оддел за трговија за вториот квартал на годината, што покажува дека економијата се намалува со помал обем. 

Обама кажа дека е оптимист во однос на правецот во кој започнала да се движи економијата, но предочи дека има уште многу да се стори.  Растечката невработеност се` уште претставува голем проблем и економијата нема целосно да се опорави се` додека не се подобри ситуацијата на тоа поле, рече претседателот. 

Според извештајот на Одделот за трговија, стапката на опаѓање на бруто-домашниот производ во вториот квартал на годината е 1 процент, што е далеку подобро од првиот квартал, кога тој износ беше 6.4 проценти. 

Бруто-домашниот производ е мерка на сите добра и услуги произведени во земјата и најширок индикатор за економската активност. 

Работодавачите во САД укинаа 6,5 милиони работни места откако земјата и официјално западна во рецесија во декември 2007-ма.  Стапката на невработеност нарасна на 9.5 проценти, што е највисоко ниво во последниве 26 години.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена

  Повеќе
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет