VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Иванов:  Македонија создава стабилност во регионот

25/09/2009

Глас на Америка на македонскиПретседателе, благодарам што сте гостин во студиото на Гласот на Америка во Њујорк, во Обединетите нации.  Најпрвин, каков е Вашиот впечаток, за што стана збор на билатералните средби со Вашите колеги во ОН?

Ѓорге Иванов:  Одржувањето на Генералното собрание е можност за многу контакти, средби и приеми.  На средбите што ги имав, најголем интерес е прашањето за името.  Сите се  интересираат до каде сме со разговорите со Грција.  Им ја објаснувам актуелната ситуација, нашата посветеност да најдеме решение, меѓутоа дека сега поради изборите во Грција тоа на некој начин е успорено и дека по завршувањето на изборите ќе продолжи онаа динамика која ја имавме во летните месеци.

Глас на Америка на македонски:  На средбата со американските официјални претставници, на каков одглас наидовте за разговорите околу името?

Ѓорге Иванов:  Многу позитивен.  Ја истакнаа нашата посветеност да најдеме решение, дека сме конструктивни и дека даваме придонес во процесот што го води господинот Нимиц во ОН.  Бевме пофалени за таа наша активност досега.

Глас на Америка на македонски:  Се сретнавте и со медијаторот Нимиц...

Ѓорге Иванов:  Да.  Разговаравме за детали, за неговите досегашни искуства, сознанија, сугестии.  Во една, атмосфера на взаемна почит и пријателство ги искажувавме сопствените ставови, она што ние го бараме и која е нашата позиција.

Глас на Америка на македонски:  Дали имаше приговори на средбите со официјални претставници од многу држави на пролонгирањето на процесот на преговорите за решавање на името?

Ѓорге Иванов:  Овие разговори веќе траат 15-16 години.  Таква била состојбата, затоа што ако било едноставно прашањето, тоа ќе се решело.  Досега нема никакво искуство за ваков проблем.  Ние сме на некој начин први кои се соочуваме со еден сериозен проблем кој е наметнат од една членка на ОН на друга членка.  Направен е преседан и ние сме единствена земја на која на некој начин и` е побарано да исполни дополнителен услов од она што е вообичаено за секоја земја-членка на ОН.  Поради тоа, немањето на искуство, немањето на таков преседан претходно ја прави ситуацијата да биде она како што беше досега, да се оди чекор по чекор, да се откриваат детали, едноставно да се создава амбиент да се најде решение кое ќе биде взаемно.      

Глас на Америка на македонски:  Зошто е битно членството во НАТО за Македонија?

Ѓорге Иванов:  Македонија со сета своја посветеност укажува на стабилноста во регионот и создава стабилност во регионот.  Македонија има потреба да биде дел од НАТО затоа што НАТО ја презема улогата да ги помага новите демократии и да ја шири идејата кон која сме стремеле цело време како Македонци - да се почитуваат човековите права и слободи.  НАТО не е она што беше за време на Студената војна, како еден од блоковите.  НАТО денес има сосема поинаква улога во светот.  Кога се јавуваат нови конфликти или кога се разбудуваат замрзнатите конфликти, НАТО се става во улога да биде тој што на некој начин ќе ја осигура стабилноста во одредени кризни региони.  Македонија активно учествува во тоа, затоа што знаеме што значи кога се има криза во сопствената земја, кога треба да функционираат институциите и луѓето да ги уживаат слободите и правата.            

Глас на Америка на македонски:  Дали може да се очекува вето од грчка страна и за датумот на добивање на преговори за членство во ЕУ?

Ѓорге Иванов:  Ние не посакуваме, меѓутоа се` е можно.

Глас на Америка на македонски:  Дали сметате дека Македонија нема друг избор освен евроатлантските структури?

Ѓорге Иванов:  Тоа е наша определба уште со денот на независноста.  Ние кажавме дека наши приоритети се НАТО и ЕУ и дека правиме се` да бидеме компатибилни со земјите на НАТО и да бидеме комаптибилни со ЕУ, бидејќи таа не` примила да правиме реформи за да можат нашите институции да бидат компатибилни со европските институции, да ги промовираат тие вредности, тие принципи, тие критериуми, и тогаш луѓето (да) ја почувствуваат демократијата и придобивките од демократијата, од живот во демократија.  Нашата долга транзиција сега влегува во една фаза на консолидирање и ни овозможува, доколку почнат преговорите со Европската унија, да ги мобилизираме сите институции во државата, за да се посветат на една цел.  Тоа не` мотивира и тоа прави да функционира државата како нормална држава, како европска држава.

Глас на Америка на македонски:  Во соседна Грција ќе се одржат вонредни избори на 4-ти октомври.  Дали очекувате промена на политиката на Грција кон Македонија во однос на преговорите за името?

Ѓорге Иванов:  Ние секојпат се надеваме дека е можно да се создаде некоја попозитивна атмосфера, бидејќи досегашната клима на некој начин придонесе тоа да се развлече 16 години.  Се надеваме дека ќе наидеме на партнер кој ќе ја сфати нашата потреба да го сочуваме нашиот идентитет, да го сочуваме она што не` прави препознатливи и она што сме и го има секој човек на оваа планета – право на самоопределување и право на самоидентификација.  Ние сами сме се идентификувале како Македонци и тие Македонци ја создале државата Република Македонија.  Затоа, кога се навлегува во таа сфера, многу е тешко да се донесе решение и затоа можеби толку долго траат овие разговори што ги имаме со посредникот Нимиц во рамки на ОН.          

Глас на Америка на македонски:  Боцвана е 126-та земја која ја призна Македонија под уставното име.  Кои се следните чекори?

Ѓорге Иванов:  И други земји да го направат тоа. 

Глас на Америка на македонски:  За крај, едно прашање за МАНУ.  Во Њујорк имавте средба со Сали Бериша кога се појавија полемиките околу Македонската енциклопедија.  За што стана збор со него?   

Ѓорге Иванов:  Со премиерот на Албанија разговаравме за нивните планови за новата инфраструктура што тие ја подготвуваат и поврзувањето што го има со Македонија.  Зборувавме за нивните проекции - како го гледаат регионот.  Меѓу другото, стана збор и за енциклопедијата.  Знаете, вообичаено е да се каже дека во услови на демократија, политиката не смее да се меша со науката.  Меѓутоа, науката треба да внимава за амбиентот кој го создава во државата.  Тоа се случи во мое отсуство.  Јас кога ќе се вратам, ќе сакам да го погледнам текстот, да го видам, и тогаш да искажам мој став.  

Глас на Америка на македонски:  Претседателе Иванов, Ви благодарам што бевте гостин во студиото на Гласот на Америка во ОН во Њујорк.

Ѓорге Иванов:  Благодарам на поканата.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет