VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Продолжуваат контроверзите во врска со Македонската ениклопедија

28/09/2009

Се подгрева температурата на политичката сцена во Македонија,  особено на планот на чувствителните меѓуетнички односи, а како реакција на Македонската енциклопедија објавена од МАНУ во која се наведени контроверзни податоци за Албанците во Македонија. 

Реакциите се проширија и во регионот.  Во дебатна емисија во Тирана, лидерот на ДУИ Али Ахмети предупреди на опасни последици од ставовите објавени во енциклопедијата.  Според Ахмети,  примирјето склучено во 2001-вата по воениот конфликт е прекршено.

„Господинот Груевски даде изјава за јавноста, која изјава според мое мислење не е доволна, треба да се произнесе отворено и да се осуди овој чин кој поттикнува војна.  Примирјето е прекршено од заедницата на која припаѓа и самиот господин Груевски и за оваа толку ниска провокација мислам дека господинот Никола Груевски треба да биде вознемирен колку што сум и јас", изјави  Ахмети во Тирана, од каде што исто така стигаат остри реакции на ставовите во енциклопедијата.

Ахмети бара премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов со свои изјави лично да се оградат од она што е напишано во Македонската енциклопедија.

Груевски, пак, даде изјава со која смета двете страни,како што вели, треба да седнат и да разговаарат за овие прашања за кои постои недоразбирање.  Но, ДУИ и другите етнички албански политички партии сметаат дека тоа не е доволно, туку дека претседателот и премиерот треба јасно да се оградат.  Од Кабинетите, како на Иванов, така и на Груевски, нема коментар на ова барање. 

Членовите на високото раководство на ДУИ не ја исклучуваат можноста таа да ја напушти Владата, но таа одлука му ја препуштаат на лидерот на партијата. 

Високата температура дополнително ја крева и најаватана Националната демократска унија на Хисни Шаќири, која во четврток организира протести пред Владата, со барање Македонската енциклопедија да се повлече и поништи.  Шаќири рече дека не сака да ги испровоцира Македонците, туку јавно да и` порача на Владата, која според него ја има МАНУ под контрола, дека иднината на државата зависи од Албанците.

Во врска со актуелната криза аналитичарите предупредуваат -Ибрахим Мехмети вели дека со ова се создава недоверба меѓу двата етникума.

„Јас не мислам дека сега може да се повтори војната, меѓутоа мислам дека може да се случи нешто многу полошо, а тоа е да почне нов циклус на недоверба, оти ова, со овие одредници, на начин на што тие беа напишани, раѓа недоверба кај Албанците, за тоа што мислат Македонците за нив", вели Мехмети.

Во МАНУ засега молк.  Уредникот на контроверзните делови од енциклопедијата Блаже Ристовски одби да ги коментира резултатите од последното заседание на редакцијата на енциклопедијата.


Download Продолжуваат контроверзите во врска со Македонската ениклопедија
Преземете  (MP3)
Listen to This Report Продолжуваат контроверзите во врска со Македонската ениклопедија
Слушни (MP3)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет