VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Евробарометар:  Граѓаните на Македонија големи евроентузијасти 

29/09/2009

EU flag outside European Commission's Berlaymont building
Граѓаните на Македонија се убедливо најголеми евроентузијасти во споредба со грагаѓаните од другите две земји-кандидатки за членство во ЕУ, Турција и Хрватска. Процентот на граѓани кои сметаат дека членството во Унијата е добра работа останал непроменет во изминатите шест месеци - 64%.  Тоа се однесува и на процентот на оние кои очекуваат придобивки од зачленувањето во ЕУ - 74%, што е значително поголем процент во споредба со останатите две земји-кандидатки, покажува последното испитувањена Евробарометарот што се спроведува двапати годишно во з
eмјите-членки на ЕУ и земјите - кандидатки за членство.

Слободата на патување, студирање и работа насекаде во Европа е позитивен аспект што испитаниците во Македонија најчесто го поврзуваат со ЕУ.  Сепак, во спротивност со позитивната слика за Унијата е чувството кај јавноста за неприфатеност од страна на ЕУ. Мнозинството испитаници сметаат дека Унијата не ги зема предвид нивниот и гласот на нивната земја.

Истражувањето покажува дека довербата на грaѓаните на Македонија опаѓа во однос на домашните институции додека се забележува благ пораст на довербата во инситуциите на ЕУ.Испитаниците во најголем број се доживуваат како жители на регионот - 95%, потоа 85 % како жители на Македонија, а најмалку како Европејци.

Испитувањето покажува и дека граѓаните на Македонија и натаму најмногу ги оптоваруваат економската ситуација и невработеноста.

Според испитаниците, најважни елементи што го сочинуваат европскиот идентитет се демократските вредности и високото ниво на социјална заштита.

Примерокот на граѓани кои учествуваа во ова истражување е репрезентативен за мислењето на населението на возраст од 15 години па нагоре и претставува индикатор за ставовите и размислувањата на сите социјални, професионални и возрасни групи од урбаното и руралното население, се вели во соопштението на Евростат, агенцијата на ЕУ која ги врши ваквите истражувања.


Download Евробарометар: Граѓаните на Македонија големи евроентузијасти
Преземете  (MP3)
Listen to This Report Евробарометар: Граѓаните на Македонија големи евроентузијасти
Слушни (MP3)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет