Швајцарското обвинителство го отфрли барањето за кауција за Полански
06/10/2009
Швајцарското
Министерство за правда вели дека го одбило барањето за ослободување со кауција
на режисерот Роман Полански на кого му претстои можно екстрадирање во САД.
Портпаролот на министерството Фолко Гали кажа
дека обвинителите се спротивставиле на
ослободувањето бидејќи владата верува оти постои голем ризик Полански да избега
доколку е ослободен од притвор. Властите исто така го поттикнаа швајцарскиот суд
што постапува по налогот за екстрадиција на Полански да го одбие одвоеното
барање за ослободување на филмскиот
режисер.
Режисерот – добитник на највисоки филмски
признанија беше уапсен во Цирих минатиот месец по налог од САД заради бегање од
Лос Анџелес пред изрекувањето на пресудата
за силување на малолетничка, во 1978.
Полански, кој се прослави со филмовите „Кинески
град" и „Бебето на Розмари", првично беше осуден во Лос Анџелес заради имање
секс со 13-годишно девојче. Ги напушти САД во 1978 додека чекаше на пресудата откако
се изјасни за виновен.