VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Рецесијата негативно влијае на менталното здравје на Американците  

13/10/2009

Анкетата врз речиси 1.000 возрасни Американци беше спроведена од странана две независни групи поборници за одржување на менталното здравје.  Дејвид Шерн е директор на Mental Health America. Тој вели дека испитувањето јасно покажува дека за многумина, финансиските проблеми преминуваат во сериозни психолошки проблеми, дури и до помисли за самоубиство.

„Луѓето кои се невработени се со поголем ризик да добијат идеи да се повредат себе си, дури четири пати пати повеќе отколку оние кои се вработени.  Но дури и вработените, кои биле принудени да направат промени во нивниот работен статус изминатава година, два пати повеќе покажуваат сериозни ментални пореметувања“, вели Шерн.

Шерн додава дека Американците кои биле приморани да ги намалат своите примања или да работат помалку часови, имаат пет пати поголеми шанси да добијат чувство на безнадежност постојано или одвреме навреме, споредено со поединците кои не ги искусиле тие промени.
Студијата наведува дека не е за изненадување што невработените Американци имаат шест пати поголеми шанси за проблеми при подмирувањето на секојдневните сметки, во споредба со вработените.  Шерн додава дека токму овој факт креира друг проблем – 42 процента од невработените Американци велат дека превисоките трошоци или немањето здравствено осигурување се причините зошто тие не побарале професионална лекарска помош.

Мајкл Фицпатрик е извршен директор на Националната алијанса за ментално здравје.  Тој вели дека неговата група е ко-спонзор на анкетата чија цел е воедно јавноста да знае дека и во проблематична економија, може да се најде лек за депресијата.

„Пораката е следна – депресијата може да се третира со комбинација на психијатриска терапија и антидепресанти.  Според најнови истражувања, речиси 80 проценти од пациентите кои се подложени на третман, се чувствуваат подобро“, порачува Фицпатрик.

„Во преку 1.000 општини ширум САД, се организирани семинари на кои се нудат бесплатни прегледи за можна појава на депресија.  Во нив учествуваат професионалци за ментално здравје и помагаат со давање на соодветни препораки.  Во САД постојат 1.100 организации кои се подготвени да разговараат со луѓето со симптоми на депресија и со нивните семејства“, додава Фицпатрик.

Поборниците за ментално здравје веруваат дека иако се забележува тренд на подобрување на американската економија, ќе треба да мине подолго време за да дојде до намалување на нивото на невработеност.  Во меѓувреме, велат експертите, мора да се обрне посебно внимание на потребите на милиони Американци со финансиски и ментални проблеми, зашто тоа ќе придонесе  на поефикасно економско опоравување на земјата.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет