VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
За политичарите - историски ден, за граѓаните- почеток на нешто убаво

14/10/2009

EU flag outside European Commission's Berlaymont building
Историски ден за Република Македонија - ова е оценката на политичарите во земјата по веста од Брисел дека Макеоднија е подготвена за почеток на пристапните разговори со ЕУ.

Дваесет минути по прес конференцијата во европското седиште, евроамбасадорот Ерван Фуере лично му ги предаде сините фасцикли на македонскиот премиер Никола Груевски. 

„Тоа е резултат на досегашните напори на Владата, на граѓаните, на сите политички чинители, здруженија во Македонија и на нашите ценети пријатели од меѓународната заедница. Го поздравуваме мислењето на Европската комисија и сите обиди во поддршката кон нас за процесот на реформите, рече македонскиот премиер.  Извештајот го нарече - патоказ за идните чекори и реформи кои ќе ги преземе Владата.

„Ние ја знаеме и важноста на предизвикот да се промовираат добрососедските односи и регионалната соработка. Во контекст на спорот со името Македонија активно и конструктивно ќе ги продолжиме со разговорите под покровителство на Обединетите нации со цел да се најде заеднички прифатливо решение", кажа Груевски.

За амбасадорот Фуере, препораката е „силно признание за волјата и капацитетот на Владата да постигне успех, и поттик да се фокусира на преостанатите реформи и приоритети".

„Како што кажа и комесарот Оли Рен, ова претставува и силен поттик за Владата и за сите институции да продолжат со реформските процеси и да се фокусираат на оние области каде што беа детектирани одредени слабости", рече Фуере.  Заслугата ја припиша на сите граѓани, на политичките фактори и на граѓанското општество чија заедничка работа ја довеле земјата до успех.

„Денешниот ден е ден на успех.  Ден кога се засили надежта за поскорешно заземање на нашето заслужено место во Европската Унија", реагираше претседателот Ѓорѓе Иванов, кој смета дека заклучоците во Извештајот се резултат на сериозните реформи.   

„Нашата Влада, и администрацијата воопшто, во исклучително сложени околности покажаа дека се дораснати на предизвикот. Oчекувам дека и во иднина ќе ја потврдат својата европска визија, и способноста таа визија да се претвори во реалност.  Македонија со нетрпение ја очекува можноста да ја преточи исклучително високата поддршка која евроатлантската идеја ја ужива кај нашите граѓани во конкретни мерки и постапки во рамките на преговарачкиот процес", вели Иванов.

„Претпоставуваме дека Советот на министри на ЕУ ќе го има во вид ова мислење на Комисијата. Имајќи ги предвид искуствата во минатото, Советот и Комисијата речиси секогаш имале идентични мислења, и ние веруваме дека врз база на резултатите што беа спроведени до сега, но и врз база на она што ќе се случува во наредниот период, Република Македонија е на еден пат од кој што нема враќање назад, и дека продолжуваме само во еден правец, а тоа е полноправното членство", е реакцијата на вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.  Ниту тој, ниту министерот за надворешни работи не сакаа да шпекулираат за тоа кога може да се очекува да започнат пристапните преговори со Унијата.

„Се` е во рацете на Советот на министрите, а ние ќе сториме се` што е во наша моќ", изјави Милошоски. Тој не очекува реприза на Букурешт, и вели дека е „важно што Комисијата постигнала консензус внатре и оти спорот со Грција е билатерално прашање".  

Одлуката на Брисел едногласно ја поздравија сите политички фактори, и од власта, и од опозицијата.

Од СДСМ велат „иако во извештајот има сериозни забелешки, очигледно е дека за Европската комисија, поважна била европската иднина на македонските граѓани".

„За нас, за граѓаните на Македонија е најважно што Европската комисија е убедена дека Македонија е способна за отпочнување на преговори за полноправно членство. Таа оценка не храбри сите нас и граѓаните на Македонија дека, ете, резултатите се признаваат", изјави пратеникот Стојан Андов.

Она што Македонија го доби е заслужено, смета лидерот на НСДП Тито Петковски.  „Но, суштествено за нас не кажаа ништо ново.  Останува и она што досега беше императив за македонската политика, односно за македонската власт", вели тој.

Од најголемата владејачка партија ВМРО ДПМНЕ, успехот го припишуваат на државните институции, односно на напредокот на реформите што ги прави Република Македонија.  „Во исто време тоа претставува, за сите нас, огромен поттик, ни дава огромна енергија да продолжиме и понатаму", изјави Силвана Бонева.

Во ДУИ, пак, сметаат дека ова е заслуга на сите политички гарнитури и на сите државни институции, иако не пропуштија да истакнат дека секогаш кога тие се во власта, за Македонија има добри вести.

„Во 2005 година го добивме статусот земја-кандидат, по 2-3 негативни извештаи, еве конечно добра вест од Брисел. Ова не е заслуга само на една политичка гарнитура. Ова не е заслуга само на една политичка институција. Ова е заслуга на сите граѓани на Република Македонија", рече Џевад Адеми.

И додека политичарите меѓусебно си делат заслуги за позитивните оценки од Европа, граѓаните сметаат дека ова е само почеток на нешто убаво. Со знамиња, голем број граѓани излегоа на улиците на Скопје.
- Нешто големо, одамна очекувано, многу сме среќни. Ова е голем ден за нашата држава, голем ден за историјата на Македонија и голем ден за Македонците, беа дел од коментарите.

Со најголеми очекување се помладите.

- Тоа е добро за државата, сигурно ќе се зголемат инвестициите, ќе се зголеми животниот стандард, а ќе се тргнат и визите за македонските граѓани, велат некои од нив.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Индискиот премиер во САД

  Повеќе
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД