VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Нова направа за рано откривање на рак на дојка 

14/10/2009

Експертите велат дека жените кои се изложени на ризик да заболат од рак на дојка, во ткивото на дојката имаат ниво на хормонот естроген што е за 20 пати повисоко од нормалното.

Во моментов единствениот начин да се одреди зголемено ниво на естроген е преку инвазивно отстранување на дел од ткивото со цел да се изврши лабараториска анализа.  Но, научниците велат дека експериментална, мала направа, наречена „лабораторија на чип“, може да го мери нивото на естроген преку капка крв или мала честичка од ткивото на градата. Чипот може да го мери нивото на хормоните во провидната меѓупросторна течност која се наоѓа под кожата. Инструментот е голем колку дланка и користи нова технологија при што минијатурните капки од течноста по електричен пат доаѓаат до микрочипот. 

Арон Вилер од Универзитетот на Торонто ја предводи студијата во лабараторија која ги врши ваквите испитувања. Тој вели дека постапката е забавна за набљудување:  

„Капките може да се направат да танцуваат на површината на микрочипот. Тие се движат, можат да се спојуваат и да се мешаат, што ни овозможува да изведуваме комплицирани лабараториски постапки на екстремно мали примероци“, вели Вилер.

Научниците додаваат дека додека се движат низ микрочипот, примероците практично се прочистуваат со помош на реагенси кои по хемиски пат се спојуваат со течноста и го одвојуваат хормонот за анализа.

Експертите нагласуваат дека оваа експериментална направа не ја дијагностицира појавата на ракот. Сепак таа може да се користи за следење на ефикасноста на третманот за рак на дојка преку соодветни лекарства, како и преку хормонална терапија кај жени кои имаат проблеми да забременат.

Научниците велат дека направата може да се користи и во одредување на хормоните кај мажите со ризик од појава на рак на простата, како и кај жените со ризик од појава на рак на обвивката на матката.  Овој инструмент се очекува да се појави на пазарот за околу пет години.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет