VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Македонија и Косово воспоставија дипломатски односи

19/10/2009

Република Македонија ноќеска воспостави дипломатски односи со Косово, објави во неделата македонското Министерство за надворешни работи.

„Во документот што во Скопје го потпиша министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, а неколку часа подоцна во Приштина и неговиот косовски колега, Скендер Хисени, се наведува дека двете страни се заложуваат за зајакнување на пријателските врски врз основа на меѓусебно почитување на националниот суверенитет, независноста и територијалниот интегритет“, се вели во соопштението на МНР.

Македонија и Косово воспоставија официјални односи откако во саботата парламентите на двете држави ја ратификуваа Спогодбата за демаркација на границата. Со договорот се решија досега спорните делови на границата долга 260 километри. Македонија ќе добие 160 метри повеќе кај местото Луково Поле на Шар Планина, а Косово ќе добие околу 155 метри кај Дебалде, во близина на Кодра Фура. 

Пред ратификацијата на овој докумет во Собранието се одржа огнена дебата.  Опозицијата обвини дека наместо обележување, се прави промена на границата и најави и оспорување на законот пред Уставен суд.

„Со Анексот што го правиме, вие за првпат ја менувате граничната линија и границата што постоела децении наназад меѓу Македонија и Косово.  Тоа не може да го направите во оваа процедура, како што било направено во 2001-та, затоа што се ратификувал само договор кој не значел и промена на границите повеќе од договорените 150 метри“, кажа Владо Бучковски од СДСМ.

Премиерот Груевски ги отфрли обвинувањата и коментираше дека нападите на опозицијата биле за собирање на политички поени.

„Нема никаква причина за било какво стравување, затоа што со овој договор државата не губи ниту милиметар.  Јас сакам да ве убедам дека никогаш и по никоја цена не би потпишал нешто со коешто би изгубиле еден милиметар, а камо ли нешто повеќе од територијата на РМ“, изјави премиерот Груевски.

Меѓународната заедница го оцени договорот меѓу Скопје и Приштина како крупен чекор за стабилноста на регионот. За амбасадорите на САД, на ЕУ и на Шведска, кои на почетокот на расправата беа присутни во Собранието, демаркација на границата е смел и одговорен потег.

„Владата на САД и нејзината амбасада им честитаат на двете влади за постигнување на договорот за демаркација на границата.  Тоа покажува голема одговорност, лидерство и мудрост ова прашање да се реши на многу зрел начин“, изјави Филип Рикер, амбасадор на САД во Македонија.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд