VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Опозицијата тврди дека демаркацијата го прекршила Уставот  


21/10/2009

Одлуката за демаркација на македонско-косовската граница донесена во Собранието за време на викендот продолжува да предизвикува реакции. 

По политичките коментари, уследија протести на локалното население од косовско Дебалде.  Жителите на оваа планинско село што се наоѓа на самата граница бараат областа Кодра Фура и 22 хектари земјиште, што со демаркацијата на границата и` припадна на Македонија, да му се вратат на Косово.

„Кодра Фура е сопственост на три семејства - Илјази, Аслани и Рамани и ние никогаш нема да ја дадеме.  Хашим Тачи нека подари што сака, но ние нашата земја не ја даваме. Тие ниви ние ги имаме веќе 500 години, а Тачи им ги даде на Македонците.  Сега не знаеме што да правиме. Или нека ни ја врати земјата, или ќе се иселиме“, велат жители на Дебалде.

Од македонска страна, реакциите се главно политички.  Опозицијата ја оспорува одлуката донесена во Собранието, сметајќи дека се прави размена на територии меѓу Косово и Македонија. 

„Ваква промена на границата може да се донесе само со двотретинско мнозиство во Парлементот.  Носењето на ваква одлука без двотретинско мнозинство е повреда на членот 74 од Уставот на Република Македонија според кој значајна промена на границата се носи со двотретинско мнозинство. Во случајот е направена значајна промена на границата“, изјави Андреј Жерновски од опозиционата Либерално демократска партија, која најавува иницијатива за оспорување на одлуката на Собранието пред Уставиот суд.

Сличен став има и најголемата опозициона партија.  Социјалдемократите тврдат дека процедурата е повредена.  Водачот на СДСМ, Бранко Црвековски смета дека е направена повреда на Уставот и принципите на правната држава.

Премиерот Груевски го оквалификува ставот на опозијата како дневнополитички маркетинг и обид да се минимизира успехот на власта со добивањето на позитивно мислење од ЕК со препорака за почеток на преговори за членство. 

„Македонија е држава од поранешна Југославија која единствена успеа да ги затвори сите гранични прашања“, вели премиерот Никола Груевски.

Експертската јавност главно позитивно ја оцени одлуката на Собранието по што уследи и воспоставување на дипломатски односи мегу Скопје и Приштина.  Демаркацијата на границата, според стручњаците, е значаен придонес за стабилизација на регионот.

Одлуката за демаркација на косовско-македонската граница и воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Приштина беше поздравена од ЕУ и САД.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена

  Повеќе
Закажана средба Папандреу – Груевски
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет