Мадона ќе настапи на „Супербол“

Американската Национална фудбалска лига соопшти дека Мадона ќе биде главна изведувачка на полувремето на финалниот натпревар – Супербол што ќе се одржи на 5-ти февруари 2012-ра во Индијанаполис, сојузната држава Индијана.  Мадона наводно подготвува спектакуларно шоу со креативниот тим од циркусот „Сирк де солеј“.

Michael Jackson's "Immortal" posthumous CD
Јапонија со концерти во чест на Мајкл Џексон

Марлон, Тито и Џеки Џексон на 13-ти и 14-ти декември во Јапонија и ќе одржат два концерта во чест на покојниот брат Мајкл Џексон.  За 17-ти овој месец пак е планирана и аукција на предметите од домот на Џексон во Лос Анџелес.  На продажба се наоѓаат 600 парчиња мебел, уметнички материјал и други предмети.

Guns N' Roses' "Appetite for Destruction" CD
Рок-ен-рол галеријата на славните со нови членови

Познати најновите членови на Рок-ен-рол галеријата на славните за 2012 година - „Фејсис“, „Ганс енд роузис“, „Ред хот чили пеперс“, „Бисти бојс“, „Донован“ и покојната Лора Најро.  27-та по ред церемонија на ќе се одржи на 14-ти април 2012-ра во Кливленд, Охајо.

Michael Buble's "Christmas" CD
Бабл и натаму на врвот на Билборд 200

Најновиот празничен албум на поп-пејачот Мајкл Бабл, „Божиќ“ веќе втора недела е на врвот на музичката листа Билборд 200.  Со 293-те илјади продадени примероци од измината недела, комплетната продажба на албумот ја надмина бројката од еден милион.