Јужнокорејските медиуми тврдат дека Северна Кореја развива беспилотно летало, користејќи американска технологија увезена од Блискиот Исток.

Новинската агенција Јонхап наведува дека леталото се базира на типот Ем-Кју-Ем-107Ди Стрикер и дека пристигнало во Пјонгјанг преку Сирија.  Стрикер може да развие брзина од 920 километри на час и вообичаено се употребува за тестирање на проектили.  Според извештајот, Северна Кореја не успеала во обидот да постави експлозив на своето беспилотно летало.

Севернокорејските власти не коментираа на наводите.