Овојпат се работи за седење во првите клупи во училница каде предаваат врвни светски професори.

„AcademicEarth“ е бесплатна веб страница која на луѓето ширум светот им овозможува пристап на целосни курсеви и видео презентации на некои од најдобрите универзитети во светот, објаснува Ричард Лудлоу, основач на AcademicEarth.org.  Станицата е компилација на видео презентации и предавања од реномирани професори од Харвард, Принстон, Стенфорд и други водечки образовни институции. 

Колку за загревање, појдете на страницата да го чуете предавањето на професорот од Јејл, Алан Блум, „Вовед во психолохијата, препорачува Лудлоу. 

Друг мошне популарен курс е оној по физика на професорот Валтер Левин од Ем-Ај-Ти.  Како предавачи-гости исто така мошне популарни се Томас Фридман со книгата Светот е рамен“, а тука е и предавањето на Ален Блајндер за почетоците на  финансиската криза.

Ален Блајднер е поранешен потпретседател на Федералните резерви, и сигурно знае нешто за економијата.  Меѓу познатите со интерсни идеи е и Лери Пејџ, ко-основачот на Гугл.

„AcademicEarth“ започна да функцонира во јануари годинава, но веќе привлекува различни корисници.

„Корисниците се тука од различни побуди.  Имаме постари лица кои се во пензија и имаат слободно време за надообразба.  Но, има и студенти кои ја користат страницата како помагало во нивните студии.  Имаме и професори кои велат дека ја посетуваат страницата за да научат нешто ново од други професори“, вели Лудлоу.
 

Ричард Лудлоу се надева дека ќе се придружат дополнителни познати универзитети, а неколку се веќе активни.  Тој планира да додаде и одредени интерактивни елементи, така што преку видео материјалите, посетителите ќе може да придонесат во одредено предавање и со свое знаење.

Да се студира на Харвард или на Јејл сигурно ќе ве чини барем 50.000 долари годишно.  Гледајќи ги овие видео предавања од врвни професори не е исто како да сте на нивните часови, не добивате ни кредит за тој курс. Сепак имате можност курсот да го проследите бесплатно.  Ве покануваме да го сторите тоа преку AcademicEarth.org.