Американскиот авто-гигант Џенерал Моторс се повлече од планираната продажба на најголем дел од акциите во својата германска единица, Опел, што западна во тешкотии, на канадско-руска групација.

Директорите на ЏМ кажаа дека го промениле курсот заради подобрените бизнис услови за компанијата со седиште во САД во последните  неколку месеци.

Германските политичари и трудови синдикати силно ја критикуваа одлуката на ЏМ.  

Германската влада  ја поддржа понудата од канадскиот производител на авто-делови Магна и руската државна банка Сбербанк како начин да се зачуваат германските работни места во Опел.

Германскиот  министер за економија Раинер Брундерле однесувањето на ЏМ го нарече неприфатливо, а германските работнички синдикати планираат протести за четврток.
ЏМ кажа дека ќе го отплати заемот од 2,2 билиони долари што германската влада  го даде на компанијата  како поддршка за канадско-руската понуда.