Врвните претставници на американската централна банка велат дека економијата зема замав, но дека се уште и треба помош  во опоравувањето од најлошата рецесија  во децении.

Тие во среда ги оставија каматните стапки непроменети, меѓу нула и 0,25 проценти.   

Федералните резерви  ги намалија каматните стапки за да ја стимулираат економијата со тоа што за бизнисите ќе биде поевтино да позајмуваат пари за купување опрема и за проширување на  дејноста.

Невработеноста  во Вашингтон останува  голема грижа со 9,9 проценти во петокот, а многу стручњаци предвидуваат дека  следната година ќе надмине 10 проценти  пред да почне да опаѓа.