Серија од неколку силни потреси се почувствувани во Чиле, недалеку од местото каде смртоносниот земјотрес од 8.8 степени предизвика  голем пустош и цунами пред речиси една недела.

Американската сеизмолошка служба вели дека потресите во петокот биле со јачина од 6.6 степени и центрирани на 41 километар северозападно од Консепсион, градот  најтешко погоден од  земјотресот минатата сабота. Засега нема извештаи за штета или повреди.