Во силен земјотрес што погоди села во источна Турција загинаа 51 лице. Владата првично кажа дека 57 лица загинале, но подоцна ја намали цифрата на 51. Не е дадено објаснување за промената.

Земјотресот со јачина од шест степени  ја погоди провинцијата Елазиг пред зори, испраќајќи ги  жителите на улица.

Од потресот се паднати камени и куќи од цигли и кал и се урнаа минариња на џамии во неколку села.

Повеќе од 70 лица претрпеле повреди и се третирани во локални болници.  

Турски спасувачки екипи дистрибуираа намирници за жителите и распоредија луѓе да им помогнат на заробените под урнатините.

Опсерваторијата Кандили вели дека земјотресот  се случил во 4:32 часот утрината, во близина на  градот Каракочан.  

Тој предизвика повеќе од 20 последователни потреси и бил почувствуван  во соседните провинции Дијурбакир, Тунчели и Бингол.  

Турција лежи на неколку трусни линии и често има земјотреси.