Импресивните морски корали во мексиканскиот Залив, стотици метри под површината на водата, сега лежат под нафтата.

Пред шест месеци, научна експедиција во организација на Националната управа за атмосфера и океани ги истражувала коралните заедници.

„Само што почнавме да дознаваме за нивната еколошка функција врз поголемиот еколошки систем во Мексиканскиот Залив.  Коралите се наоѓаат на многу голема длабочина и во најголем дел се недостапни“, вели Каки Ендрјус, одговорен во Управата за реставрација на коралните гребени.

Истражувањата покажаа дека коралните гребени сочинуваат само околу 0,1% процент од океанското дно, но затоа се живеалиште за над 25 проценти од морскиот свет.

„Овие места се посебни – меѓу организмите со најдолг животен век на планетата.  Некои се веројатно стари над 4.000 години“, наведува Ендрјус.

Научниците наведуваат дека е тешко да се процени штетата од нафтеното излевање бидејќи досега не бил забележан таков обем.  Нафтата навидум најповеќе избива на површината.  Од типот на нафтата, периодот на изложеност и директниот контакт со коралите ќе зависи колку од нив ќе преживеат.  Стручњаците велат - едно е сигурно - засега тоа не можат точно да го пресметаат.