По четиригодишно исчекување, за некого пропуштени шанси, а за некого исполнети надежи, конечно дојде време да се собереме пред ТВ-екраните и на стадионите, во исчекување на познатиот извик: гоооооооооооол! Да се надеваме дека од 11-ти јуни до 11-ти јули, колку што ќе трае Мундијалот во Јужна Африка – прв што се одржува на африканскиот континет - ќе го чуеме извикот што почесто!
На оваа страница може да ги следите резултатите и статистиката од турнирот, заедно со фотографии и видео-извештаи и репортажи на Гласот на Америка. Преку нив ви посакуваме добредојде на Светското првенство во Јужна Африка!
Светот го тресе фудбалската треска, нема спас!