Гласот на Америка на македонски јазик емитува специјална 15-минутна емисија за Македонското радио на национално ниво во 10:00 по македонско време, на Вториот канал на Македонското радио.
Специјалната утринска емисија за радио-мрежата „Канал 77“ пак, може да се чуе ширум целата земја во 09:00 часот по македонско време.
Гласот на Америка на македонски емитува и една 15-минутна емисија во живо за локалните ФМ станици во Македонија во 17:00 по македонско време.
Сите емисии се емитуваат од понеделник до петок, и нудат вести, дописнички извештаи, интервјуа, анализи, осврти, уреднички коментари и репортажи. Емииите се замислени така за да понудат што е можно поширок поглед на најновите настани од САД, Македонија и светот.